Connect with us

Форекс

Доларот падна по две недели раст

Објавено

на

Доларот ја намали својата вредност во однос на корпата на валути, по двенеделен раст, во претпазливо тргување бидејќи инвеститорите се загрижени за континуираното ширење на коронавирусот во светот.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути, ослабна за 0,2 проценти на 97,42 поени.

Курсот на еврото порасна за 0,4 проценти во однос на доларот, при што едно евро се разменуваше за 1,1220 американски долари.

Во однос на јапонската валута, цената на доларот порасна за 0,3 проценти на 107,2 јени (JPY).

Во последните денови, инвеститорите на девизните пазари се многу претпазливи поради зголемениот раст на бројот на заразени и починати од коронавирусот во светот, при што дополнително се намалуваат надежите за брзо закрепнување на светската економија.

 

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги зголеми проценките за падот на светската економија оваа година од претходните три на 4,9 проценти.

ММФ соопшти дека развиените економии ќе бидат особено погодени, па затоа ја зголеми проценката на падот на американската економија оваа година за повеќе од два процентни поени, на 8 проценти.

Состојбата не е подобра ниту во економијата на еврозоната.

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, рече дека најлошиот дел од економската криза е веројатно завршен, но дека закрепнувањето ќе биде нерамномерно и нецелосно.

Сепак, еврото беше поддржано со записникот од седницата на ЕЦБ, на која беше донесена одлука на почетокот на месецот да се продолжи кризната програма за купување обврзници до средината на следната година и да се подигне нејзината вредност за 600 милијарди евра на вкупно 1,35 трилиони евра.

Форекс

Новите измени на Правилата за котација на Македонска берза, тема на три работилници со котираните компании

Објавено

на

На 22 и 23 септември, преку online платформата ZOOM, Берзата организираше три работилници на кои беа поканети сите 100 котирани компании во врска со имплементацијата на новите измени на Правилата за котација. Целта на работилниците беше детална презентација и дополнителни појаснувања поврзани со новите Правила за котација што стапија на сила на 21 септември. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Инвеститорскиот ден ги однесе акциите на Македонска берза во зелена зона

Објавено

на

Кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 полека но сигурно се наминува, а за Македонската берза може да се каже дека таа е веќе минато. Акциите кои котираат на берзата ја стабилизираа својата вредност, по високиот пад што го бележеа додека коронавирусот енормно ги рушеше сите светски берзи, вклучително и нашата. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Што донесе „Инвеститорскиот ден” на Македонска берза?

Објавено

на

На „Инвеститорскиот ден“ на Македонска берзата кој се одржа на 18.09.2021 година по повод 25 години од основачкото собрание на Берзата, се склучија вкупно 339 трансакции што е убедливо најголем број на трансакции од јуни до денес. Вториот најголем број на трансакции на дневно ниво во овој период е 169, а просечниот дневен број на трансакции изнесува 62 трансакции. (more…)

Продолжи со читање

Популарно