Форекс
Доларот ослабна петта недела по ред и достигна најниско ниво во последните две години


На светските берзи на валути, вредноста на доларот во однос на кошничката на валути минатата недела се намали, петта недела по ред, со што девизниот курс на еврото во однос на доларот достигна највисоко ниво во последните 22 месеци.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, се намали за 1,6 проценти минатата недела, на 94,42 поени, што е најниско ниво во последните две години.
Девизниот курс на еврото во однос на доларот се зголеми за 1,9 проценти, на 1.1650 долари, што претставува највисоко ниво од октомври 2018 година.
Американската валута е под притисок поради затегнатите односи меѓу САД и Кина, како и поради немилосрдното ширење на коронавирусот. Во САД, бројот на заразени лица надмина 4 милиони, а бројот на починати лица како последица на заболување од коронавирусот е зголемен за повеќе од 1.000 во последниве денови, така што вкупниот број на жртви на вирусот Ковид-19 достигна 145.000.
Како резултат на зголеменото ширење на коронавирусот, некои сојузни држави го забавуваат процесот на рестартирање на економските активности, така што инвеститорите се плашат од многу побавно закрепнување на економијата отколку што се надеваа до неодамна.
Силен раст на курсот на еврото следеше во вторникот, кога лидерите на Европската унија постигнаа договор за пакет помош на економијата во борбата против пандемијата на коронавирус во вредност од 750 милијарди евра, како и договор за седумгодишен буџет во висина од 1,074 милијарди евра.
Форекс
Wall Street одговори со рекорд на инаугурацијата на Бајден!


Акциите на најпознатата светска берза во Њујорк (Wall Street) се на рекордно ниво поради охрабрувачките извештаи за приходите на акционерите и поради оптимизмот дека новото раководство во Вашингтон ќе значи поголема поддршка за економијата, која е во голема тешкотија поради пандемијата на Ковид-19. (more…)
Форекс
Руската рубља е најпотценета валута во светот!?


Британскиот неделник „The Economist“ ја прогласи руската рубља за најпотценета валута во светот. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!