Connect with us

Форекс

Доларот ослабе, но две валути значајно ја зголемија вредноста

Објавено

на

На светските берзи, вредноста на доларот во однос на валутната маса минатата недела драстично ја намали својата вредност поради забавувањето на растот на американската економија. Во исто време, вредноста на фунтата драстично порасна откако британскиот парламент го поддржа предлогот за одложување на Брегзит.

Индексот на американската валута, што ја покажува вредноста на доларот во однос на останатите шест најважни светски валути, минатата неделанпадна за 0,80%, односно за 96,58 поени, што преставува негов најголем пад од почетокот на декември.

Во меѓувреме, доларот падна за 0,75 проценти во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,1325 долари. Но, американската валута се зајакна во однос на јапонската валута за 0,3%, односно на 111,45 јени.

Доларот се најде под притисок по низата податоци кои што укажуваат на забавување на економскиот раст на САД во првиот квартал, како и ослабнувањето на инфлацискиот притисок. Поради тоа, многу аналитичари веруваат дека американската централна банка ФЕД нема да ги зголеми каматните стапки оваа година, откако претходната година ги зголеми во четири наврати за по 0,25%.

ФЕД ќе одржи редовна седница оваа недела, а аналитичарите очекуваат лидерите на централната банка да повторат дека ќе бидат трпеливи во однос на каматните стапки. Од друга страна, еврото, а особено британската фунта, значително ја зголемија својата вредност, по одлуката на британскиот парламент да го одложи британското повлекување од Европската унија.

Откако се зголемија очекувањата дека Велика Британија нема да излезе на 29-ти март од ЕУ без договор, фунтата зајакна за околу 2%, што претставува најголем неделен скок од крајот на јануари. Во еден момент вредноста на фунтата изнесуваше 1.3380 долари, што е највисоко ниво од претходните девет месеци. Изминатата недела, фунтата заврши на 1.3280 долари.

Форекс

Во светот може да останат само пет или шест валути!?

Објавено

на

Во светот во моментов постојат повеќе од 100 признати валути, но тој број може драстично да се намали на само пет или шест во следните 20 години, изјави бразилскиот министер за економија Пауло Гуедеш на Светскиот економски форум во Давос. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Кралска монета за Queen

Објавено

на

Британската кралска ковачница Royal Mint издаде монета во чест на покојниот Фреди Меркјури и останатите членови на рок-групата „Queen“. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

По неколкудневниот пад на акциите, берзата повторно „позелене”

Објавено

на

По неколкудневниот пад на акциите, пазарот на капитал во Северна Македонија доживува раст на вредноста што најмногу се гледа со движењето на индексот МБИ10 на Македонска берза кој ги содржи десетте најликвидни хартии од вредност на котираните акционерски друштва. (more…)

Продолжи со читање

Популарно