Форекс
Доларот зајакнува во однос на другите светски валути


Потрошувачката во трговијата на мало во САД во октомври пораснала за 1,7 проценти, повеќе од очекуваното, што покажува дека најголемата светска економија повеќе од солидно закрепнува од кризата со коронавирусот.
„Инвеститорите земаа здив бидејќи вестите покажуваат дека потрошувачката продолжува силно да расте и покрај зголемените цени и прекините во синџирите на снабдување“, вели Брајан Јакобсен, стратешки аналитичар во „Allspring Global Investments“.
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути се искачи на нови највисоки нивоа во последните 16 месеци. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 96,05 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 95,42 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 114,15 на 114,85 јени, што е највисоко ниво во последните четири и пол години.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1320 долари, ново најниско ниво од јули минатата година, додека вчера во овој момент беше 1,1380 долари. Зајакнувањето на доларот е резултат на силниот раст на трошоците во САД, што може дополнително да ја поттикне инфлацијата и да ја натера ФЕД да ја заостри монетарната политика побрзо и поагресивно од очекуваното.
Форекс
Руската рубља ќе стане официјална валута во дел од украинските градови


Градот Херсон во јужниот дел на Украина, за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола, ќе премине кон користење на рубљата од 1-ви мај, објавија руски државни медиуми. (more…)
Форекс
Доларот опасно му се приближува на еврото!


Еврото утринава падна на најниско ниво во последните пет години од 1,05890 долари, откако руски „Газпром” соопшти дека ќе го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија. Падот под 1,06 долари за прв пат по пет години во однос на генерално силниот американски долар доаѓа поради зголемената загриженост околу енергетската безбедност и забавувањето на растот во Кина и Европа. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје