Connect with us

Форекс

Доларот зајакна во однос на еврото и швајцарскиот франк

Објавено

на

Доларот ја зголеми својата вредност во однос на еврото и на швајцарскиот франк на меѓународните пазари на валути, бидејќи инвеститорите се фокусираа на американската помош во време на корона кризата и на ескалацијата на тензиите меѓу САД и Кина.

Еврото ослабе 0,2 проценти во однос на доларот и се тргуваше со 1,17605 американски долари. Еврото ја зголеми својата вредност во однос на швајцарскиот франк за истиот процент (0,2 проценти), на 1.0773 франци.

Швајцарската валута ослабна и во однос на доларот, за 0,4 проценти, паѓајќи на 91,59 швајцарски центи за долар.

Индексот на доларот се зголеми за еден процент во однос на кошницата од шестте други клучни светски валути, на 93.532 индексни поени.

Инвеститорите беа преокупирани кон крајот на минатата недела со податоците за вработување во САД кои покажуваат дека нето работодавците создадоа 1,8 милиони нови работни места во јули, значително помалку отколку во јуни, но стапката на невработеност падна на 10,2 проценти.

Инвеститорите купуваа повеќе долари поради ескалацијата на тензиите меѓу САД и Кина. Кон крајот на минатата недела, САД воведоа санкции врз водечките кинески и хонгконгшки официјални претставници, а Пекинг денеска возврати со санкции врз 11 американски граѓани, вклучително и членови на Конгресот.

Швајцарскиот франк ослабна откако податоците покажаа дека депозитите по видување кај Швајцарската народна банка порасна минатата недела, што обично сигнализира дека банката интервенира на девизниот пазар за да ја ослаби домашната валута.

„Се чини дека Европејците купуваат евра и продаваат домашни валути, што е особено точно за швајцарскиот франк. Американците, од друга страна, купуваат евра и продаваат долари“, изјави Маршал Гитлер од „BDSwiss Group” во белешката до клиентите.

Форекс

Македонска берза се приклучи во одбележувањето на Деновите на финансиска писменост

Објавено

на

Од 24 до 26 ноември годинава ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост кое оваа година заради пандемијата ќе биде одбележано со бројни е-активности. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Вредноста на биткоинот ја премина границата од 18.000 американски долари

Објавено

на

Според порталот „CoinMarketCap“, кој ја пресметува просечната вредност на повеќе од 20 берзи, во 6:14 часот по средноевропско време, битконот пораснал за 9,78 проценти на 18.223 американски долари, додека најголемата берза за криптовалути „Binans“ ја зголеми вредноста за 9,95 проценти, на 18.328 американски долари. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Зошто биткоинот повторно безглаво ја зголемува вредноста?

Објавено

на

На почетокот на корона кризата, се чинеше дека биткоинот е најголем губитник. Од средината на февруари до средината на март, неговата цена падна за повеќе од 50 проценти – на само 4,9 илјади долари. По кратка фаза на опоравување, цената долго време беше близу до границата од десет илјади долари, се до пред неколку недели, пренесува „Deutsche Welle“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно