Форекс
Доларот во слободен пад, ослабе и во однос на еврото


На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути падна на најниско ниво од април 2018 година, бидејќи се очекуваат нови стимулативни мерки во американската економија и затоа што инвеститорите се склони кон поризични инвестиции. Така, индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на Американецот во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 91,30 поени, додека вчера во ова време тој беше 91,80 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се намали од вчерашните 104,45 на 104,35 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,2075 долари, највисоко ниво од септември 2018 година, додека во текот на вчерашниот ден во ова време беше 1,1955 долари.
Цените на нафтата, пак, паднаа утрово, бидејќи Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, предводени од Русија, го одложија официјалниот состанок на кој требаше да се одлучи дали да се зголеми производството во јануари или да се задржи на постојните нивоа.
На американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,63 проценти, на 44,27 долари, додека на лондонскиот пазар падна за 0,53 проценти, на 47,16 долари.
И на азиските берзи, позитивниот тренд продолжи, бидејќи пазарите се поддржани од надежта на инвеститорите дека наскоро ќе започне вакцинацијата против коронавирусот, но и дека американскиот Конгрес ќе се согласи на нови стимулативни економски мерки.
Индексот на азиско-пацифички акции „MSCI”, со исклучок на јапонскиот, се зголеми за околу 0,3 проценти околу 7 часот наутро, лебдејќи околу највисоките нивоа досега.
Утрово индексот „Nikkei225″ на Токиската берза зајакна за 0,05 проценти, додека цените на акциите во Сингапур и Јужна Кореја пораснаа меѓу 0,3 и 1,3 проценти. Во Австралија, Шангај и Хонг Конг, сепак, тие паднаа помеѓу 0,1 и 0,4 проценти.
Форекс
Руската рубља е најпотценета валута во светот!?


Британскиот неделник „The Economist“ ја прогласи руската рубља за најпотценета валута во светот. (more…)
Форекс
Доларот повторно паѓа, цената на нафтата расте


На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути нагло oпадна. (more…)
- Домашни банкипред 2 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 1 month
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 1 month
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Анализипред 2 months
Кои се најплатените професии во земјава?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје