Connect with us

Лични финансии

Доколку се пронаоѓате во некоја од овие пет карактеристики, заслужувате покачување на платата

Објавено

на

Постојат вработени на кои треба да им се посвети внимание поради нивните очигледни квалитети. Иако, како претприемач треба да внимавате на вашите пари, некои работници заслужуваат моментално покачување заради нивниот голем придонес.

Ова се вработени кои заслужуваат покачување:

1. Оние кои носат најмногу приходи 

Не е важно за каков профил на вработен станува збор, работите се сосема јасни. Вработениот кој ви носи најмногу приходи заслужува покачување по сите критериуми.

2. Оние кои поседуваат непроценливи вештини

Некои вештини не може да се научат, како што се карактерот и ставот пред клиентите. На пример, ако сте ангажирале келнер што секој го сака и порди кој кафулето е често посетено, тогаш тој вработен треба да биде награден со покачување.

3. Оние кои даваат и повеќе од 100 проценти од самите себе

Ако имате вработен кој секогаш високо цели и успешно ги завршува сите дадени обврски и задачи, тогаш треба да знаете тоа дда го цените и веднаш да го наградите со покачување. Малкумина се оние кои целосно и се посветуваат на работата, па затоа не дозволувајте да ги испуштите од рака.

4. Оние кои се вработени во вашата фирма од самиот почеток

Постојат работници кои се со вас од почетокот, но поради големата циркулација на вработени во компанијата, може да се чувствуваат во подредена положба. Не дозволувајте да паднат во летаргија, покажете им колку ги цените и покачете им ја платата. Штом се со вас од самиот почеток, сигурни имате огромна доверба во нив, а и самите сте свесни колку вредат.

5. Оние кои еден ден би можеле да ја преземат работата без последици

Во сè, а особено во бизнисот, важно е да размислувате за иднината. Ако препознаете личност во компанијата која можеби еден ден ќе може да ја преземе вашата деловна активност, дајте се од себе за да ја задржите, а финансиските ресурси честопати се добра гаранција за тоа.

Лични финансии

Како да заштедиме пари додека патуваме во Европа?

Објавено

на

Секогаш кога патуваме се прашуваме дали сме го организирале патувањето така што цело време ќе се чувствуваме удобно, без да потрошиме цело богатство. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Корисни совети за оптимизирање на повиците за акција преку е-пошта

Објавено

на

Без оглед на видот на е-поштата, главната цел на секој повик за акција е да ги охрабри луѓето да преземат акција. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Што е лидер?

Објавено

на

Тоа е толку едноставно прашање, но сепак продолжува да ги збунува дури и некои од најдобрите мислители во бизнисот. Има доста книги за лидерството, но сепак е тешко да се застане за да се дефинира. (more…)

Продолжи со читање

Популарно