Странски банки
Докапитализација на UniCredit најдоцна до март


Акционерите во италијанската банка UniCredit, во четвртокот едногласно ја поддржаа планираната докапитализација во износ од 13 милијарди евра.
Новиот извршен директор Жан-Пјер Мустие изјави дека докапитализацијата на банката ќе биде спроведена најдоцна до почетокот на март.
Медиумите прогнозираат дека UniCredit може да ги понуди акциите со голем попуст, по цена од 1,2 до 1,3 евра. Колку да споредиме во четвртокот цената на акциите изнесуваше 2,6 евра.
Цената на акциите во најголемата италијанска банка минатата година се преполови, иако во последното тромесечје успеа да врати четвртина од поранешната вредност, благодарение на објавата на новиот стратешки план за работење во декември.
Меѓу другото, планот подразбира отказ на 14.000 вработени до крајот на 2019 година.
Странски банки
Дали конечно турската централна банка ќе ја зголеми основната каматна стапка со цел намалување на енормната инфлација!?


Комитетот за монетарна политика на турската централна банка на 18 август ќе одлучи дали ќе ја промени главната каматна стапка, пренесува турската државна телевизија „ТРТ Хабер”. (more…)
Странски банки
Русија почнува со етапно пуштање на својата дигитална рубља


Централната банка на Русија откри дека започнала со тестирање на својот проект за дигитална рубља и дека ќе биде претставен со нови функции од 2023 година. (more…)
Странски банки
Добивката на најголемата европска банка се намали за 15 проценти во првото полугодие на 2022 година


Најголемата европска банка „HSBC Holdings” објави пад на профитот од 15 проценти во првото полугодие, бидејќи резервите за покривање на потенцијалните загуби од кредитите значително го надминаа растот на нето каматниот приход. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје