Connect with us

Наградни игри

Доделени наградите од наградната игра на Охридска банка Сосиете Женерал „За чист град пазари со нашата Мастеркард“

Објавено

на

По повод иницијативата за чист град и еко средина, Охридска банка Сосиете Женерал на 23 февруари 2018 година, во Дирекцијата на Банката ги додели наградите од наградната игра „За чист град пазари со нашата Мастеркард“ наменета за сите иматели на картички.

Официјалното извлекување на добитниците на награда се одржа на 21.02.2018 година, во просториите на Банката, во присуство на трочлена комисија, составена од двајца вработени во Банката и овластен Нотар.

Според правилата, право на учество во наградната игра имаа сите клиенти на Охридска банка Сосиете Женерал, иматели на дебитните картички Маестро и Матеркард стандард дебит, со кои требаше да се направат најмалку 20 трансакции од кои минимум една трансакција направена со Мастеркард стандард дебит картичката за физички лица со можност за бесконтактни плаќања.

Со доделување на вкупно 70 велосипеди, Охридска банка Сосиете Женерал уште еднаш покажа дека како општествено-одговорна компанија, се грижи за животната средина, за чистиот воздух и се обидува да влијае за подигање на јавната свест за промена на навиките на граѓаните за употреба на алтернативни средства за јавен транспорт, а со тоа се придонесува и до заштита на животната средина.

Благодарение на оваа иницијатива и на успешната наградна игра, денес имаме 70 нови велосипеди на улиците низ Македонија кои освен што ќе го подобрат урбаниот лик на населените места и градовите, туку ќе делуваат и локално за почиста околина.

Нe радува што добитниците на велосипеди од различни возрасни групи и различни населени места од земјава, изјавија дека ентузијастички ќе ги користат велосипедите за рекреативни и туристички потреби, но и како алтернативно средство за превоз.

Имињата на добитните се објавени на веб страната на Охридска банка Сосиете Женерал www.ohridskabanka.mk.

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје ги извлече добитниците од наградната игра ,,Халквантура”

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје на ден 16.01.2019 година во просториите на Деловниот Центар на Халкбанк АД Скопје во Скопје ги извлече добитниците на награди од наградната игра ,,Халквантура’’. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

Како најлесно и најефтино до електричен тротинет?

Објавено

на

Бидете дел од најзелената наградна игра на Охридска банка Сосиете Женерал, бидејќи 20 електрични тротинети чекаат на вас! (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

Стопанска банка а.д. Битола ги извлече добитниците од наградната игра ,,STBBT MASTER MANIA”

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола на ден 04.01.2019 година со почеток од 12.00 часот во просториите на Деловниот Центар на  Стопанска банка а.д. Битола во Скопје ги извлече добитниците на награди од наградната игра ,,STBBT Master Mania’’. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange