Connect with us

Компании

Доделени наградите од наградната игра на Тиго Фајнанс „Земи кредит, зграпчи награда“

Објавено

на

На 4 август годинава, Тиго Фајнанс ги извлече десетте среќни добитници од наградната игра „Земи кредит, зграпчи награда“, кои во деновите по извлекувањето ги подигнаа своите вредни награди.

Четворица среќни добитници освоија smart часовник Huawei SmartWatch GT 2e, тројца добитници добија електричен тротинет HAMACHI ET 800, двајца лаптоп компјутери Notebook Asus VivoBook, а еден клиент на Тиго беше награден со главната награда – мобилен телефон iPhone 12.

Извлекувањето беше реализирано во седиштето на Тиго Фајнанс со автоматско извлекување од базата на податоци на учесниците во наградната игра и емитувано во живо на Фејсбук страницата на компанијата, а за регуларноста на целиот процес, согласно правилата, беше задолжена тричлена комисија.

Среќните добитници изразија благодарност за добиените награди, но и задоволство од услугите на Тиго Фајнанс, со посебен акцент на поволните услови, брзината на одобрување и подигнување на финансиски средства и достапноста на филијалите низ државата. Резултатите од наградната игра и добитниците на наградите се објавени на веб страната на Тиго Фајнанс.

За потсетување, во наградната игра „Земи кредит, зграпчи награда“ право на учество имаа сите клиенти на Тиго Фајнанс кои во период од 3 јуни до 31 јули 2021 година склучиле Договор за кредитен лимит или Анекс на постоечки Договор за кредитен лимит со Тиго Фајнанс и кои побарале и на кои им била одобрена исплата на одреден износ на кредит, без оглед дали станува збор за кредит со еднократна или повеќекратна отплата, во рамките на одобрениот кредитен лимит.

За компанијата

Тиго Фајнанс е компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица. Основач е на Асоцијацијата на финансиски друштва и се залага за одговорно кредитирање, со цел долгорочна соработка, позитивна оценка од страна на потрошувачите и институциите за регулирање на пазарот, како и повисоко ниво на заштита и јасни правила на соработка со клиентите.

Компании

Претставување на словенечките работодавачи во Скопје

Објавено

на

Во соработка со Амбасадата на РС во Скопје, на 7 и 8 јуни, од 10 до 17 часот организираме претставување на словенечките работодавачи во Скопје (хотел Хилтон) и во Битола (Културно-информативен центар – Офицерски дом). Миграцијата на работната сила станува се повеќе дел од нашето секојдневие. Прогнозите велат дека бројот на странски работници ќе продолжи да расте и во иднина. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Вилма Учета Дузлевска на нова меѓународна позиција во рамки на Групацијата Триглав

Објавено

на

По петнаесетина години поминати во осигурителниот сектор во земјава, од кои дванаесет на главна извршна позиција, Вилма Учета Дузлевска заминува од кормилото на Триглав Осигурување Живот. Надзорнот Одбор на Триглав Осигурување со седиште во Република Хрватска ја назначи Учета Дузлевска за Претседател на Управниот Одбор, а позицијата ќе ја извршува по добивање на потребните согласности од страна на хрватските надлежни тела. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во примената на ИТ технологиите во областа на финансии и банкарство со Штедилница Можности. (more…)

Продолжи со читање

Популарно