Connect with us

Наградни игри

Доделени наградите од наградната игра на Охридска банка Сосиете Женерал „Зелена наградна игра“

Објавено

на

Денес, Охридска банка Сосиете Женерал ги додели наградите од „Зелената наградна игра“, организирана во насока на подигнување на еко свеста, грижата за чиста средина и чист воздух.

Во Дирекцијата на Банката беа доделени наградите на среќните добитници, чие официјално извлекување се одржа на 11.03.2019 година, во просториите на Банката, во присуство на трочлена комисија, составена од двајца вработени во Банката и овластен Нотар.

Право на учество во оваа наградна игра имаа сите клиенти на Охридска банка Сосиете Женерал, иматели на дебитни и кредитни картички издадени од страна на Банката, со направени најмалку 10 трансакции со дебитна картичка и 5 трансакции со кредитна картичка.

Охридска банка Сосиете Женерал денес додели 20 електрични скутери, на 20 среќни клиенти и уште еднаш покажа дека со активно делување во заедницата може да се делува глобално. Оваа наградна игра е само дел од низата еко активности кои Банката ги спроведува на терен, како за своите вработени, така и за своите клиенти.

Со доделување на вкупно 70 велосипеди на клиенти во 2018 година, 20 електрични скутери денес, како и изградба на вело-паркинзи, набавка на еко-возила, оплеменување на јавни површини, Охридска банка Сосиете Женерал, во континуитет ја покажува својата грижа за животната средина и како општествено-одговорна компанија продолжува да делува во оваа насока, покажувајќи јасна визија кон одговорно делување.

Повеќе информации за наградната игра, како и листата на добитници на електрични скутери од наградната игра „Зелена наградна игра“, клиентите можат да најдат на веб страницата на Охридска банка Сосиете Женерал, www.ohridskabanka.mk, како и на социјалните мрежи.

 

Наградни игри

Grouper доделува карти за UEFA Champions League

Објавено

на

Grouper.mk оваа година направи вистинска “онлајн забава” по повод својот 8ми роденден. Прославата ја започнаа со традиционалната Златна роденденска кампања, во која се вклучија над 16 одбрани познати брендови и хотели со специјални Златни Зделки на попусти до 60%. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

ПроКредит ги објави добитниците од наградната игра “СОБЕРИ КИЛОМЕТРИ И УЖИВАЈ ВО ЛЕТОТ!”

Објавено

на

ПроКредит Банка ги објави добитниците на награди од наградната игра “СОБЕРИ КИЛОМЕТРИ И УЖИВАЈ ВО ЛЕТОТ!”. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Заврши големата наградна игра „Скокни во Халквантура“ на Халкбанк, атрактивниот Jeep Compass патува за Струга

Објавено

на

Во присуство на тричлена комисија во просториите на Халкбанк АД Скопје, по случаен избор по електронски пат беше извлечен Дарко Новак од Струга како добитник на главната награда Jeep Compass од тримесечната наградна игра на Халкбанк и Mastercard – „Скокни во Халквантура“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange