Connect with us

Домашни банки

Доделени наградите од наградната игра „Големи награди, за МАСТЕР уживање!“ на Шпаркасе Банка

Објавено

на

Денес, во 12:00 часот во салонот на „Аутомакедонија“ во Автокоманда, беа доделени наградите од наградната игра „Големи награди, за Мастер уживање!“, која беше организирана од Шпаркасе Банка Македонија за корисниците на платежните картички Mastercard, во периодот од 15.10.2018 до 15.12.2018 година.

Официјалното извлекување се одржа на 20.12.2018 година, во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, под контрола за регуларност на тричлена комисија, составена од двајца претставници од Банката и овластен нотар.

Право на учество во наградната игра имаа сите постојни и нови корисници на платежните картички Mastercard и Maestro издадени од Шпаркасе Банка, кои со секоја трансакција над 300,00 денари во периодот од 15.10.2018 до 15.12.2018 година стекнуваа шанса за учество, а со бесконтактната картичка Mastercard Debit двојно учество. Одличните награди привлекоа големо внимание и им донесоа голема радост на среќните добитници:

  • ВИКТОРИЈА ПЉАКОСКА од Охрид – добитник на автомобил Opel Crossland X
  • СЛАВИЦА НИЧЕСКА од Струга – добитник на зимување за двајца во Австрија
  • МИЛЕ ПАВЛОВ од Скопје – добитник на мобилен телефон Apple iPhone Х
  • ЛАЗО УЗУНЧЕВ од Скопје – добитник на мобилен телефон Apple iPhone Х
  • ВЕРИЦА СИНАДИНОВСКА од Гостивар – добитник на мобилен телефон Apple iPhone Х

Банката им честита на среќните добитници и им посакува да уживаат во наградите заедно со своите семејства и да останат верни корисници на услугите на Шпаркасе Банка Македонија!

Домашни банки

ОФИЦИЈАЛНО: “УНИБанка” издаде перпетуална обврзница по пат на приватна понуда

Објавено

на

На 11.01.2019 година, УНИБанка преку Македонска берза објави дека банката донесе одлука за издавање на капитален инструмент по пат на приватна понуда. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје ги извлече добитниците од наградната игра ,,Халквантура”

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје на ден 16.01.2019 година во просториите на Деловниот Центар на Халкбанк АД Скопје во Скопје ги извлече добитниците на награди од наградната игра ,,Халквантура’’. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нови престижни награди за Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Остварените резултатите, постигнатиот успех, континуираниот развој на нови технологии и производи се само дел од критериумите врз база на кои светски реномираните магазини ги доделуваат глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарскиот свет. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange