Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Осигурување

Доделена награда и признание на Еуролинк осигурување за развој и придонес на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа

Објавено

на

Меѓународен економски форум “ Перспективи”, Меѓународен клуб на лауреати “Создавачи за векови” ,Мрежа на млади претприемачи 4Е – Економија, Енергија, Екологија, Европа 2050” и Меѓународниот комитет за доделување награда и признание од Република Хрватска, “Создавачи за векови”, на Еуролинк осигурување му додели “Награда и признание за придонес во развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа во 2018 година”.

Воедно, Меѓународниот комитет, анализирајќи го работењето на компанијата во 2018 година, територијалната застапеност и достапноста на услугите донел одлука да додели уште 2 престижни награди и тоа: “Голема награда и признание за придонес во развојот на претприемништовото во СЈИ Европа за 2018 година” лично на претседателот на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување, Олга Костовска и на претседателот на Управен одбор на Еуролинк осигурување , Марија Томеска.

“Нашиот Еуролинк, континурано расте и јакне што е резултат на несебични залагања на сите вработени, способноста на менаџерскиот тим и довербата на сите наши ценети клиенти и соработници. Оваа награда им припаѓа на сите кои веруваат во внатрешните капацитети на компанијата, кои со голема доверба и лојалност ни ја доверуваат заштитата на највредните нешта во животот. Голема е одговорноста која ни е дадена и со сета наша волја, сила и желба да го подобриме животот на сите околу нас продолжуваме во остварување на оваа голема визија. Да испишеме заедно уште многу успешни приказни”, изјави Олга Костовска, претседател на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување.

,,Признанието е потврда за уникатноста на стратегијата и способноста на Еуролинк да креира долгорочен и здрав раст, фокусиран на воведување нови продукти и иновации во услугата. Во тоа светло компанијата го гради своето реноме: финансиски стабилна и иновативна на пазарот со уникатни продукти и услуги. Како во изминативе 16 години, така и во иднина фокусот на нашиот тим ќе биде насочен кон подобрување на квалитетот на живеење на сите граѓани. Оваа награда е само потврда дека сме на вистинскиот пат’’, изјави Марија Томеска, претседател на Управен одбор на Еуролинк осигурување.

Трите награди ќе бидат доделени на 6-от Регионален Самит на претприемачи во Средна и Југоисточна Европа “300- те Најдобри” во март, во Дубровник, Република Хрватска.

Осигурување

Дружбата со Винко и Ивце Пивце помина во фантастична атмосфера

Објавено

на

Во саботата Винер Лајф организираше настан од отворен карактер за сите мали и големи деца кои имаа желба да го запознаат малото слатко и харизматично Бувче Винко! (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Дружба со Винко и Ивце Пивце во Градски парк Скопје!

Објавено

на

Вашето дете е Вашата најголема среќа, а неговото здравје е Ваша најголема грижа! Заштитата на здравјето на Вашето дете е една од најголемите финансиски одлуки што некогаш ќе ги направите во животот. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Групацијата Триглав на тримесечје ја потврдува најавата за планираната годишна добивка

Објавено

на

Во првите три месеци од 2019-та година Групацијата Триглав фактурираше 317 милиони евра бруто консолидирана премија, што е 8% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Консолидираната бруто добивка порасна за 8% и изнесува 29,9 милиони евра. Имајќи ги во вид предвидените околности до крајот на годината, Групацијата ја потврдува најавата за планираниот годишен резултат. Паралелно со доброто работење во осигурителната дејност, што е изразено преку поволниот комбиниран коефициент на Групацијата, Триглав го зголеми обемот на средства со кои што управува за своите клиенти. Оваа година, Групацијата продолжува да ја спроведува својата стратегија на раст и развој, успешно го заврши купувањето на друштвото АЛТА Склади и влезе на македонскиот пазар на пензиски осигурувања. Триглав Осигурување Скопје, кој е дел од Групацијата Триглав, во првиот квартал од 2019-та година работеше добро во својата основна дејност и ја зачува лидерската позиција на македонскиот пазар на неживотно осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange