Connect with us

Пакети

„Доверба“ на Централна Кооперативна Банка АД Скопје

Објавено

на

Овој пакет е наменет за вработени во бонитетни фирми одобрени од страна на Банката, државни службеници согласно со Законот за државни службеници, вработените во образованието, полицијата (вклучително и финансиската полиција), армијата, судството и судиите, кои платата ја примаат или ќе се одлучат да ја префрлат во рок од 3 месеци, на сметка во Банката, вработени на определено во континуитет најмалку 24 месеци пред аплицирање.

Пакетот вклучува ненаменски потрошувачки  кредит, дозволено пречекорување на трансакциска сметка и кредитна картичка. Максималниот одобрен износ на средства на пакетот не може да биде повисок од 1 200 000 МКД, но не повеќе од 40 нето плати вкупно за пакетот „Доверба“, од кои најмногу до 10 нето плати како лимити за картични производи.

Кредитниот пакет Доверба“ можете да го одберете доколку:

  • Сте во редовен работен однос на неопределено време;
  • Имате работен стаж во фирмата најмалку 6 месеци пред поднесување на барањето за кредит;
  • Сте вработен на определено во континуитет најмалку 12 месеци пред аплицирање;
  • Рокот на достасување на кредитот плус возраста на барателот не е повисок од пензиската возраст согласно со законската регулатива на РМ (64 години за мажите и 62 години за жените);
  • При барање за кредит, месечниот приход на барателот (нето-износ) намален за сите обврски по основ на кредити или други задолжувања, да не е понизок од износот на месечниот ануитет + 5 000 мкд по член од семејството;
  • При барање за овердрафт или кредитна картичка месечниот приход (нето износ) намален за сите обврски по основ на кредити или други задолжувања, не е понизок од 5 000 мкд + 10% од одобрениот износ на овердрафтот односно кредитниот лимит на кредитната картичка.

Промотивно до 31.07.2018 година и без провизии. За повеќе информации проверете тука.

Пакети

Што нуди новиот пакет услуги на УНИБанка?

Објавено

на

Посветете се на тоа што го сакате со новиот ПАКЕТ на услуги од УНИБанка! (more…)

Продолжи со читање

Пакети

Што нуди новиот НЛБ Иноватор пакет?

Објавено

на

Новиот НЛБ Иноватор пакет им овозможува на најиновативните компании кои имаат склучено договор за финансирање и кофинансирање со Фондот за иновации и технолошки развој, да користат пакет продукти од НЛБ Банка со поволни услови и пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка предвреме ќе врши исплата на априлските пензии

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека на 25-ти април 2019 (четврток), ќе изврши исплата на априлските пензии за оние пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија (ФПИОСМ) на нивна денарска сметка во НЛБ Банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно