Connect with us

Домашни банки

Довербата е огромна кога знаете дека банката е тука за Вас во секое време!

Објавено

на

Со цел полесно надминување и ублажување на негативните ефекти од кризната ситуација предизвикана од пандемијата на вирусот  COVID-19, НЛБ Банка подготви неколку совети и препораки за своите клиенти, пред се затоа што Банката се грижи за здравјето на своите клиенти и вработени.

При неопходна посета на експозитура, НЛБ Банка ве советува да го проверите работното време, бидејќи тоа се менува тековно согласно расположливите капацитети и тековните мерки на Владата. Исто така, трпеливо чекајте ред за влез во експозитурата и одржувајте растојание од минимум 2 метри.

Задолжително користете средство за дезинфекција и при влез и при излез од експозитурата.

Користете ги НЛБ банкоматите.

Сите неопходни трансакции и плаќања извршувајте ги бесконтактно со НЛБ платежните картички и намалете ја употребата од готовина, бидејќи истата носи висок ризик од пренесување на коронавирусот. Исто така, достапна ви е услугата NLB Pay мобилниот паричник.

Плаќајте преку интернет, бидејќи електронското банкарство НЛБ Клик и мобилното банкарство НЛБ мКлик се целосно бесплатни до 15.04.2020 година.

Неопходно и одлично е да се знае дека имате сигурен партнер во банка која е секогаш тука за Вас во секое време и во секоја ситуација!

НЛБ Банка за се што следи.

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Објавено

на

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка ја врачи престижната награда „Роман на годината“ на академик Влада Урошевиќ

Објавено

на

Сo сечено врачување на наградата „Славко Јаневски“ на академик Влада Урошевиќ, Комерцијална банка како Генерален покровител одбележа уште едно престижно издание на „Роман на годината“.

Наградата под покровителство на Комерцијална банка се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150 илјади денари, а годинава ја доби романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. Традиционално наградата ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“.

Академик Урошевиќ е особено горд на наградата и на своето дело, кое докажува дека „македонскиот јазик може да се справи со најтешките задачи што книжевното творештво ги поставува пред него и дека на планот на книжевните идеи имаме што да му покажеме на светот“.

Банката обезбедува и 183.000 денари за паричен надоместок на членовите на жири-комисијата, кои годинава одлучуваа за победникот во конкуренција на 35 романи.

„Комерцијална банка е горда што е поддржувач на оваа значајна манифестација, во која препознава искрена желба и длабока волја за негување на македонскиот пишан збор и за создавање богато наследство за идните генерации. Секогаш е полесно заедно да успееме во оваа благородна цел“, порача Андреј Јовковски, директор на Самостојната дирекција за маркетинг во Комерцијална банка, при врачувањето на наградата.

Со поддршката на „Роман на годината“, како и со целокупната своја поддршка на домашната литература, Комерцијална банка дава долгорочен и исклучително значаен придонес за унапредување на литературното творештво во земјава.

Продолжи со читање

Популарно