Connect with us

Анализи

Добивката на Стопанска банка а.д. Битола за една година порасна неверојатни 1.454%

Објавено

на

Според податоците до кои дојде Банкарство.мк, првите шест месеци од 2020 година се исклучително успешни за банкарскиот сектор. Водечките три банки (Стопанска банка АД – Скопје, Комерцијална банка и НЛБ Банка) во првото полугодие на 2020 година имаат добивка од околу 60 милиони евра, што во време на пандемија на коронавирусот претставува исклучителен финансиски резултат.

Анализирајќи ги податоците на целиот банкарски сектор ќе видиме дека и останатите банки се многу успешни и сите имаат позитивни финансиски извештаи на крајот на првото полугодие.

Но, анализирајќи ги податоците подетално можевме да забележиме дека поголем дел од банките бележат намалување на добивките во однос на истиот анализиран период од претходната година. Намалување на добивката во првото полугодие на 2020 година, споредено со нето добивката остварена во истиот период на минатата година бележат Стопанска банка АД – Скопје, НЛБ Банка, Охридска банка и ТТК Банка.

Сепак, има и банки за кои првото полугодие на 2020 година е значително поуспешно во споредба со истиот период од претходната година. Кога сме кај растот на добивката, тука значително се издвојува една банка, а тоа е Стопанска банка а.д. Битола, која бележи фантастичен резултат во првите шест месеци од годинава.

Во првата половина од 2020 година, Стопанска банка а.д. Битола беше фокусирана на остварување на клучните стратешки, деловни и финансиски цели во услови на вонредна состојба во државата и во услови на глобална економска неизвесност наметната од пандемијата од вирусот COVID-19. Банката настојуваше да го приспособи своето работење на новонастанатата ситуација залагајќи се, пред сè, за безбедност на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места.

Од аспект на оперативно работење, фокусот на Стопанска банка а.д. Битола беше ставен врз наплата на нефункционални побарувања што заедно со редовните нето-приходи придонесе за остварување на позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.-30.6.2020 година, односно нето-добивка во износ од 52,42 милиони денари, но што е уште позначајно банката оствари пораст на добивката за неверојатни 1.454,14%, споредено со нето добивката остварена во истиот период на минатата година.

Ова ја става Стопанска банка а.д. Битола во редот на ТОП 3 македонски компании со најголем пораст на добивката во првите шест месеци од 2020 година во споредба со истиот анализиран период од претходната година.

Анализи

Топ 5 плати во Македонија: Банкарите помалце платени од ИТ индустријата и фармацевтите

Објавено

на

Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2020 година изнесува 27 231 денари, а на прво место гледано по дејности останува секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со просек од 68.557 денари. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Осумте банки заинтересирани за соработка со Пошта до крајот на месецот треба да достават понуди

Објавено

на

До крајот на месецот банките кои изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на Пошта АД треба да одговорат на писмото што го испрати Пошта до нив за условите што ги нудат, по што процесот ќе продолжи со состаноци меѓу двете страни и избор на оној што ќе го преземе платниот промет во поштенските единици што претходно го имаше Еуростандард банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Инвеститорскиот ден ги однесе акциите на Македонска берза во зелена зона

Објавено

на

Кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 полека но сигурно се наминува, а за Македонската берза може да се каже дека таа е веќе минато. Акциите кои котираат на берзата ја стабилизираа својата вредност, по високиот пад што го бележеа додека коронавирусот енормно ги рушеше сите светски берзи, вклучително и нашата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно