Домашни банки
Добивката на Стопанска банка а.д. Битола за една година порасна за неверојатни 666,5%

Стопанска банка а.д. Битола и во првата половина од 2021 година го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати. И покрај големите предизвици наметнати од пандемијата на вирусот ковид-19, со кои Банката се справува повеќе од една година, фокусот и понатаму останува на остварување на клучните стратешки цели дефинирани во деловната политика, во развојниот и финансискиот план на Банката.
Финансиски перформанси на Банката
Од аспект на оперативното работење, фокусот беше ставен на наплата на нефункционалните и претходно отпишани побарувања, што заедно со редовните приходи од работењето придонесоа за остварување позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.2021 – 30.6.2021 година, односно нето-добивка во износ од 401,79 милиони денари, што е значителен пораст на добивката за 666,47% споредено со истиот период од минатата година.
Нето-приходите од камати за периодот 1.1.2021 – 30.6.2021 година изнесуваат 145,71 милиони денари, што претставува 82,43 % остварување на планот за вториот квартал од 2021 година. Во услови на надолен тренд на активните каматни стапки на
ниво на банкарски сектор, повеќекратното намалување на основната каматна стапка на НБРСМ и поради останатите мерки што се преземаа во врска со настанатата ситуација со вирусот ковид-19, приходите од камати се пониски за 4,02 % споредено со периодот 1.1.2020 – 30.6.2020 година. Со цел да се неутрализира ваквиот ефект, фокусот беше ставен на контрола на расходите по камати, кои забележаа подинамично намалување од 15,23%.
Нето-приходите од провизии и надоместоци се повисоки за 12,12% односно 7,78 милиони денари споредено со претходната година. Притоа кај приходите од провизии и надоместоци беше евидентиран годишен раст од 12,69 милиони денари споредено со остварените приходи од провизии и надоместоци во периодот 1.1.2020 – 30.6.2020 година, додека расходите пораснаа за 4,91 милиони денари. Остварувањето во оваа позиција го надминува планот за вториот квартал од 2021 година за 17,12%.
Нето-приходите од курсни разлики не бележат значајни годишни промени во апсолутен износ. Останатите приходи од дејноста се повисоки за 19,88 %, што е главно резултат на ослободувањето резервации за потенцијални обврски во тековната година, што не е случај и во претходната година. Планот за вториот квартал од тековната година во оваа позиција е реализиран со 92,79%.
Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа е позитивна во износ од 349,04 милиони денари, што се должи на поголемиот износ на ослободената исправка на вредност од наплата на претходно отпишано побарување.
Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа е позитивна и изнесува 2,47 милиони денари, што е одраз на доброто управување со преземениот имот и негова продажба во согласност со поставените плански цели.
Трошоците за вработените бележат намалување од 2,93% споредено со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 92,37%. Останатите расходи од дејноста не бележат позначајни годишни промени во апсолутен износ. Амортизацијата е зголемена за 13,80% на годишна основа, додека реализацијата на планот изнесува 80,90%.
Домашни банки
Благодарница до Комерцијална банка за донацијата на 6.000.000 денари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Солидарноста и хуманоста во Комерцијална банка не познаваат граници, особено кога сме сведоци на трагедии од големи размери, какви што беа земјотресите што ги погодија Турција и Сирија. (more…)
Домашни банки
2,2 милиони успешни трансакции во 2022 година со е-commerce од Комерцијална банка

Е-продавницата стана задолжителна алка во синџирот кој продуцира успешни бизниси во денешното дигитално време. Пред и по Covid-пандемијата веќе ништо не е исто и затоа онлајн продажбата освојува сѐ повеќе купувачи. Токму затоа и Комерцијална банка е особено горда на својот придонес за развојот на е-трговијата во земјава. (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“ и за 2022

Празникот на македонското литературно творештво, манифестацијата „Роман на годината“, секоја година е повод за нова гордост и нов подвиг на целокупната културна дејност во земјава. Токму затоа Комерцијална банка е особено горда што шеста година по ред е генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“, која годинава ќе му се додели на романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка