Connect with us

Странски банки

Добивката и дивидендата на Credit Agricole се повисоки од очекувањата

Објавено

на

Credit Agricole SA, втората по големина француска банка по пазарна вредност, во последниот квартал (Q4) 2018, забележа поголем профит од очекувањата на аналитичарите, по зголемувањето на приходите од продажба и намалените трошоци за данок.

Нето добивката на банката со седиште во Париз во последниот квартал изнесува 1 милијарда евра, во споредба со профитот од 387 милиони евра за истиот период од 2017 година, кога банката прокнижи 400 милиони евра во даночни такси.

Добивката пред оданочување се зголеми за 6,5% и изнесува 1,38 милијарди евра. Приходите од продажба во Q4 се зголемиле за 4,3% за период од една година и изнесуваа вкупно 4,85 милијарди евра.

Од банката најавија и исплата на дивиденда за минатата година во износ од 0,69 евра по акција, што е подобро од очекувањата на аналитичарите.

Странски банки

Дојче банк и Комерцбанк во формални преговори за спојување!

Објавено

на

Двете најголеми германски банки, Дојче банк и Комерцбанк, ќе започнат формални преговори за спојување. Оваа најава става крај на шпекулациите кои кружеа низ медиумите изминатиов период. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Raiffeisen bank ja посакува Комерцијална банка!?

Објавено

на

На “радарот” за потенцијални аквизиции на Raiffeisen bank International (RBI), меѓу другите, се наоѓа и Комерцијална банка а.д. Београд, беше откриено на денешната прес-конференција на RBI во Виена. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Се спојуваат два банкарски гиганти, акциите пораснаа до небо!

Објавено

на

Акциите на Дојче банк и Комерцбанк драстично ја зголемија својата вредност, по веста дека раководството на Дојче банк договорило прелиминарни разговори за евентуалното спојување на овие две финансиски институции. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange