Connect with us

Останато

ДКСК: Отворивме предмет за да го истражиме случајот на министерката Ангеловска за повлекување на пари од Еуростандард банка

Објавено

на

Државната комисија за спречување на корупција ќе го испитува случајот со министерката за финасии Нина Ангеловска, односно дали таа ја имала информацијата дека Народната банка ќе и ја одземе дозволата на Еуростандард банка во моментот кога ги повлекла своите пари од банката.

„По сите случувања на кои бевме сведоци изминатата недела, Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет за да го истражи случајот поврзан со министерката за финансии Нина Ангеловска, дали таа ја злоупотребила службената должност и располагала со информации претходно или не, во периодот кога ги повлекла своите пари од Еуростандард банка АД Скопје.”, изјави претседателот на ДКСК, Билјана Ивановска.

Од ДКСК велат дека не станува збор за кривично дело, туку за неетичко постапување доколку министерката имала информации за пропаѓањето на банката, што допрва треба да се утврдува. Проблем би било, појаснуваат од Антикорупциска, доколку Ангеловска имала таква информација и таа понатаму ја ширела до други лица за да ги повлечат парите.

Претходно, министерката за финансии Нина Ангеловска се огласи со соопштение во јавноста во кое ги демантираше информациите кои се пласираа во дел од медиумите во врска со повлекување на нејзините средства од Еуростандард банка и тврди дека парите и биле потребни за да купи стан.

Таа изјави дека средствата ги повлекувала уште од минатата година и не ги префрлала во други банки, туку ги користела за други инвестиции.

„Би сакала уште еднаш да ѝ ги соопштам на јавноста фактите и воедно да ги демантирам сите неточни информации кои тенденциозно се пласираат. Не е точна ни сумата која се наведува во текстовите – уште од минатата година преку половина од тие депозити се инвестирани во инвестициски фонд. Единствено што е точно во досега пласираните информации е дека сум имала депозит во Еуростандард банка.”, изјави министерката Ангеловска.

Останато

PayPal ќе дозволи употреба на криптовалути

Објавено

на

„PayPal” објави дека ќе им овозможи на клиентите да купуваат, продаваат и чуваат „Bitcoin” и други криптовалути користејќи ги неговите паричници на Интернет. Почнувајќи од почетокот на 2021 година, клиентите исто така ќе можат да ги користат овие виртуелни монети за да купуваат кај 26 милиони поврзани трговци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Новиот корона бран ја намали деловната активност во Еврозоната

Објавено

на

Во октомври, економската активност во еврозоната се намали, бидејќи ограничувањата како резултат на ширење на корона вирусот, повторно стапија на сила, покажуваат прелиминарните податоци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Авиокомпаниите ќе прават исти пресметки како и банките

Објавено

на

Кога британскиот туроператор Томас Кук се врати на пазарот минатиот месец, му требаше начин да ги убеди клиентите дека стана посигурен по неговиот банкрот во 2019 година и дека немаат за што да се грижат при резервацијата во пауза за време на пандемија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно