Connect with us

Анализи

Директорот на најбогатата банка во светот на работа оди со метро, а дополнително работи и како диџеј!

Објавено

на

Главниот извршен директор на Goldman Sachs, Дејвид Соломон не е просечен извршен директор. Тој иако е директор на најбогатата инвестициска банка во светот, пред се е многу скромен и живее едноставен живот.

Да, тој заработи 23 милиони долари минатата година, но откако го презеде кормилото во инвестициската банка од Лојд Бланкфејн во октомври 2018 година, тој го избегнува здодевното однесување на Вол Стрит, пренесува CNBC Make It.

Педесет и седумгодишниот Соломон, познат како „Д-Сол“ за време на викендите настапува како класичен рок диџеј во ноќните клубови во Њујорк, Мајами и на Бахамите и објавува бендови како Guns N ‘Roses и White Stripes.

Соломон, исто така, не сака да ги користи привилегиите кои ги носи директорското место, па наместо личен шофер и скап службен автомобил, тој на работа оди со метро.

„Мислам, зошто да не го користиме метрото?“, изјави неодамна Соломон за „Fortune“. „Не најсериозно. Многу е побрзо и поефикасно од преостанатите превозни средства. Знаете, градоначалникот на Њујорк може да се вози со метрото, па зошто тогаш да не може извршниот директор на Goldman Sachs?“, додаде тој.

Според „Fortune“, некои членови на одборот на директори на Goldman Sachs не се задоволни од идејата на Соломон за метрото. Но, тоа него не му пречи. Ниту пак, фактот што неговата диџејска дејност стана секојдневна храна за медиумите.

Но, ништо од тоа на Соломон не му пречи, тој едноставно ужива во едноставноста и во живеењето на забавен секојдневен живот.

Соломон првпат беше откриен како диџеј Д-Сол од страна на Newyork Times во 2017 година, кога тој беше во средината на неговата кампања да стане извршен директор. Соломон рече дека некои соработници го убедувале веднаш да се откаже од диџејската кариера, доколку ја добие работа, но во тој момент и тој самиот се чувствувал загрижен, бидејќи сметал дека јавноста нема да го сфати сериозно.

„За момент си помислив: ‘Па, можам ли да го направам ова? Или не можам да го сторам тоа?”, изјави Соломон за „Fortune“. Но, со поддршка на Бланкфејн, тој реши да ја продолжи кариерата како диџеј.

„Знаете што, тоа сум јас, и никој не може да ми забрани да не играм голф“, додаде Соломон. „Зошто не треба, затоа што јас сум извршен директор? Па, иако сум извршен директор, јас сум пред се нормален човек како и сите останати“ , изјави Соломон, кој својата заработка од диџејството ја донира за добротворни цели.

Соломон, исто така, им дозволува на колегите или гостите кои имаат состанок да ги заобиколат рецепционерите и директно да чукнат на неговата врата. Покрај тоа, Соломон исто така, направи измени во правилата на кодексот на облекување, прогласувајќи дека костумите и машните се незадолжителни за вработените.

Покрај деловната култура на компанијата, првата година на Соломон како извршен директор на Goldman Sachs беше голем предизвик за него.

Вкупниот приход на банката се намалува од 2010 година, бидејќи средствата, како што се обврзниците и артиклите, паднаа на 37% од нето приходот на банката, што претставува намалување од 72% во 2009 година.

Соломон има задача да го насочи Goldman Sachs во комерцијалното банкарство. Goldman Sachs изминатиов август ја претстави својата прва кредитна картичка во партнерство со „Apple”.

Но, дали тој раководи со најголемата инвестициска банка или руши рекорди, ако реши дека е заинтересиран за нешто, тој тоа и ќе го прави. „Мислам, ќе се обидам да го сторам тоа најдобро што можам, или воопшто нема да го сторам тоа“, изјави за крај за „Fortune“.

Анализи

Висок поврат на ДДВ за фирмите: 206 милиони евра во првото полугодие и покрај кризата од КОВИД-19

Објавено

на

Во првото полугодие од 2020 година извршен е поврат на ДДВ кон фирмите од 12,7 милијарди денари или 206,5 милиони евра, што е за 6% повеќе во однос на лани или за 660 милиони денари повеќе. Ова е највисок поврат на ДДВ за овој период во однос на изминатите години, што е значајно особено ако се земе предвид кризата предизвикана од КОВИД-19. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Ангеловска-Бежоска: Со сигурност можеме да кажеме дека шпекулациите поврзани со курсот на денарот не се поткрепени со економски аргументи

Објавено

на

Во сите досегашни епизоди на криза, стабилниот курс на денарот претставува главен фактор на одржување на макроекономската стабилност. Нема компромис во однос на постојниот режим на курсот. Јавноста треба да има потполна доверба во нашата заложба и во нашиот капацитет успешно да продолжиме со постојната монетарна стратегија на стабилен курс на денарот. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Банкнотата од 50 евра е најпопуларна кај фалсификатoрите

Објавено

на

Од 2002 година, кога беше воведена евро валутата, откриени се 19 милиони фалсификувани банкноти на оваа валута со лична вредност од 1,2 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Популарно