Connect with us

Останато

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска позитивна на коронавирусот

Објавено

на

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска на својот Фејсбук профил соопшти дека е позитивна на коронавирусот, а се тестирала откако имала средба со сопартиецот Мухамед Зекири кој исто така е позитивен на Ковид-19.

„После веста која ја објави другарот Мухамед Зекири, а поради работните состаноци кои ги имавме заедно, направив тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен.

Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција.

Ќе ги следам насоките на епидемилозите во целост и очекувам повеќе информации од нивна страна, согласно анкетата која треба да ми биде направена.

Посакувам брзо оздравување на Муки и семејството, на сите други заболени граѓани, како и негативни тестови на сите кои се во самоизолација.” – порача директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Останато

Ангеловска: Реотварањето на економијата – побрзо, приходите во јуни – подобри од очекуваното

Објавено

на

Наплатата на приходите во јуни значително подобра од проекциите, што укажува на тоа дека реотварањето на економијата ќе оди побрзо од очекуваното. За јуни наплатата на приходите во однос на лани е 9,6%, што е подобрување во однос на претходните два месеци. Дури има и натфрлање на одредени давачки за високи проценти во однос на лани како кај персоналниот данок на доход и придонесите. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на редовната прес-конференција за месечното извршување на буџетот, кои во насока на зголемена транспарентност е одржуваат од почетокот на COVID-19 кризата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП: Се заокружи второто тримесечје на МојДДВ за 2020 година, исплата ќе се врши во август

Објавено

на

Управата за јавни приходи известува дека на 30.06.2020 година се заокружи второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на „Airbnb“, Брајан Чески: „Ни требаа 12 години да го изградиме брендот, а изгубивме скоро сè за само 6 недели“

Објавено

на

Можете да поминете децении во градењето на вашиот сон, а светот може да го уништи со нешто што е случајно како пандемија на непознат вирус. Ова е точно она што и се случи на компанијата „Airbnb“ и на нејзиниот извршнен  директор Брајан Чески, со појавата на Ковид-19 годинава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно