Connect with us

Останато

Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева ги повика владите во светот да трошат што е можно повеќе

Објавено

на

Креаторите на политики ширум светот треба желно да прифаќаат зголемување на трошоците за да помогнат во заживување на нивните погодени економии, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Гергиева на годишниот руски економски форум „Гајдар”.

Извршната директорка на ММФ не даде никакви специфични економски предвидувања, но јасно стави до знаење дека сака владите да ги зголемат трошоците и повтори дека меѓународно синхронизиран пристап кон решавање на проблемот е најдобар за раст.

„Во 2020 година, ММФ обезбеди финансиска поддршка за 83 земји”, изјави Георгиева.

Таа додаде дека од аспект на сегашната политика, уште од март 2020 година апелира до земјите да трошат повеќе, што е многу невообичаено за ММФ.

„Трошете колку што можете повеќе, а потоа потрошете уште малку повеќе. Продолжувам да се залагам за прилагодување на монетарните и фискалните мерки што ги штитат економиите од колапс во време кога со причина ги ограничуваме и производството и потрошувачката на населението”, додаде шефицата на ММФ.

Таа, исто така, повика на поголема меѓународна соработка во напорите за дигитален и зелен раст, како што беше случај за време на активностите за развој на вакцини против коронавирус.

„Вработените во ММФ пресметаа дека комбинираните фискални стимулации на Групата 20 најразвиени економии во светот во областа на зелената инфраструктура, доколку се направат на координиран начин, ќе донесат за две третини поголем раст отколку ако секоја земја го направи тоа сама”, рече Георгиева.

Останато

Комората на сметководители се придружува на протестот на ТУК

Објавено

на

Комората на сметководители години наназад реагира на репресивната улога на Министерството за финансии и неговата улога во уништувањето на сметководствената професија. Структури од Секторот за финансиски систем од ова министерство, наместо да ги извршуваат своите работните задачи во интерес на граѓаните, за што земаат плата, делуваат низ призма на исполнување на своите лични интереси притоа загрозувајќи ја егзистенцијата на 10.000 професионалци од дејноста. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Маск загуби 5,6 милијарди долари за еден ден по падот на акциите на „Tesla”

Објавено

на

Акциите на компанијата „Tesla” на Илон Маск забележаа пад по информацијата дека две лица загинаа во несреќа со електричен автомобил на компанијата во текот на изминатиот викенд, пишува списанието „Forbes”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечна месечна нето-плата по вработен во февруари изнесува 27.948 денари

Објавено

на

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2021 година, во однос на февруари 2020 година, изнесува 102.7. (more…)

Продолжи со читање




Популарно