Останато
Директорите на Царинската управа и А.Д. Пошта на средба по повод развој и дигитализација на е-трговијата


Директорот на Царинската управа, г. Сугарески и директорот на А.Д. Пошта, г. Јани Макрадули остварија средба на која разговараа за зајакнување на заедничките активности помеѓу двете институции во насока на подобрување на Поштенскиот сообраќај кој има исклучително важна улога во вкупното царинско работење, од причина што покрај испраќањето на поштенски писмоносни пратки, се врши праќање и на пакети кои претставуваат царинска стока.
Прекуграничната е-трговија целосно ја смени перцепцијата на Царината на меѓународно ниво и стана главен аспект на променливиот свет на производство, трговија и економија кој овозможува подобри економски можности и зајакната регионална соработка.
Во текот на 2020 година се спроведе Проект за модернизација на царинското работење во е-трговија и во поштенскиот сообраќај помеѓу Царинската управа на РСМ и Царината на Кореа.
Оваа година, ГИЗ започна нов регионален проект за модернизирање на прекуграничната е-трговија и поштенското царинско работење во рамки на ЦЕФТА. Целта на овој проект кој ќе трае 4 години е:
- подобрување на законодавството за е-трговија,
- подобрување на даночното законодавство и
- хармонизирање на царинските постапки во ЦЕФТА регионот.
Од овој проект ќе произлезат повеќе бенефити за двете институции од кои најважно е поврзување на СОЦДАД на Царинската управа со ИТ системот на А.Д. Пошта, односно целосно дигитализирање на постапките.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје