Останато
Директорите заработуваат 320 пати пoвеќе од просечниот работник

Платите на работниците во САД се зголемени за 13,7% од 1978 година, а платите на извршните директори за дури 1.167 проценти, така што директорите сега заработуваат 320 пати повеќе од просечниот работник, пишува порталот „Fast Company“.
Извештајот на Институтот за економска политика (ЕПИ) утврдил дека просечната директорска плата во некои од најдобрите американски компании е 21,3 милиони долари и дека типичен работник во една од водечките компании сега заработува 67.000 долари годишно.
Ваквите „прекумерни“ плати на генералните директори се проблем затоа што придонесуваат за растечката нееднаквост меѓу раководителите и просечните работници.
Соодносот на платите на директорите наспроти работниците во 1965 година беше 21 спрема 1, потоа во 1989 година се искачи на 61 спрема 1, а во 2019 година беше 320 спрема 1, што јасно покажува дека нееднаквоста во платите постојано се зголемува во последните 50 години.
Платите на генералните директори сега во голема мера се потпираат на акции и награди поврзани со вредноста на акциите на компанијата, така што заработките на директорите го следеа деценискиот раст на пазарот.
Решението за овој проблем е данок на богатство, се вели во извештајот. Тоа вклучува повисоки стапки на данок на добивка, корпоративни даноци за компании кои имаат поголема нееднаквост во платите помеѓу директорите и работниците и т.н. „данок на луксуз“.
Покрај оданочувањето, владата би можела да донесе закони со кои ќе се промени структурата на корпоративното управување, се вели во извештајот на Институтот за економска политика.
Останато
Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)
Останато
Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)
Останато
Ќе се издава граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

Министерството за финансии планира во јуни да издаде граѓанска обврзница со рок од две години и со примамлива камата. Според министерот за финансии, Фатмир Бесими, новиот финансиски инструмент ќе им овозможи на граѓаните да купат обврзница од минимум 10.000 денари, а со цел развој на финансикиот пазар. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје