Connect with us

Интервјуа

Диомидис Николетопулос: Стопанска банка го прави точно тоа што најдобро знае да го прави, ја поддржува економијата работејќи заедно со луѓето и компаниите!

Објавено

на

„Во врска со каматата што ќе продолжи да се пресметува за време на одложениот период…Би сакал да објаснам дека нема друг начин да се постапи затоа што парите имаат своја цена и штом на депозитите пресметуваме и исплаќаме камата, истото треба да се случува и кај кредитите. Ако запреме, тоа нема да биде никому од корист, и секако е надвор од било која монетарна или банкарска логика. Различните интереси на клиентите, од една страна на оние кои депонираат, односно штедат а на друга на оние кои позајмуваат, е главната причина зошто банките постојат и преку овој приход се заштитува позицијата на банките, кои потоа можат да продолжат да кредитираат за потребите на економијата.“, рече претседателот на Управниот одбор и Генерален Извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје, во интервју за „Капитал“.

Како гледате на тековната ситуација и на кризата, и кој е одговорот на Банката и пораката која сакате да се испрати?

Диомидис Николетопулос: За првпат во модерно време се соочуваме со пандемија со невидени последици, а глобалната несигурност не тера да се грижиме за нашето здравје, за нашите животи, за нашите најблиски, за работата, за бизнисот и генерално за иднината. Во вакви времиња, според мое скромно видување, Државата прави се што е во нејзина моќ да го забави растот на бројот на заболени. Воведените мерки вклучуваат и значајни рестрикции на движењето на луѓето и стоките, економски мерки, па и правни мерки со кои нашите животи драматично се променети, меѓутоа мора да сфатиме дека многу работи се доведени во прашање и затоа мора да се однесуваме дисциплинирано, со трпеливост и толерантност, во надеж дека наскоро ќе се надмине кризата и ќе продолжиме со нашите животи.

Со сите овие големи промени во однесувањето и ефектите врз економијата, горд сум што можам да кажам дека Стопанска банка АД – Скопје, бргу се прилагоди и проактивно презеде мерки да ги заштити вработените, клиентите и добавувачите, комуницира транспарентно и најзначајно од, се продолжува со редовно работење. Затоа што, дури и кога се друго запира, парите не запираат. На луѓето се уште им се потребни пари за да ја поминат неделата/месецот/периодот. Ним им се потребни храна, лекови, имаат планови кои застанаа со реализација на половина и имаат потреба да бидат завршени… и наша обврска е да бидеме на нивна страна и да им помогнеме во тоа. Таа е и логиката зошто банките, маркетите, аптеките, телекомите и електродистрибуцијата се сектори кои мора да продолжат со работа низ сите типови на кризи, бидејќи се критични за одржување на минималните потреби за живот на граѓаните.

Затоа, едни од најважните активности кои Банката ги направи во поглед на континуитет во работата како дел од олеснителните мерки во овие екстремни времиња е што нашите филијали се отворени и достапни, дури и во градови под карантин, како Дебар, ги одржуваме банкоматите функционални, иако движењето на готовината е отежнато, со оглед на фактот што многу локации се затворени или ограничени за пристап, како и посебното работно време за пензионерите (кога ги отворивме сите наши филијали во сабота за да се намалат гужвите).
Но, не остануваме само на тоа, затоа што Банката се обидува да ги пренасочи клиентите кон нашите 24/7 алтернативни канали (телефонско, електронско и мобилно банкарство) кои се сега и комплетно бесплатни. Работиме на нивно промовирање, односно подучувањето на клиентите да согледаат дека со нив на лесен и безбеден начин можат од дома да реализираат основни банкарски трансакции, да останат безбедни од гужви и непотребни интеракции во овој период. Согледуваме преку зголемениот број трансакции преку овие канали дека дигитализацијата ќе ни се случува и порано од очекувано.
Стопанска банка има и уникатен 24/7 Контакт центар кој е сега засилен со капацитети поради зголемениот број дојдовни повици, а работи и преку телефон и преку e-mail обезбедувајќи на тој начин поддршка за клиентите физички лица и за големата мрежа на трговци со кои соработуваме.

Што конкретно правите за вашите клиенти корисници на кредити?

Диомидис Николетопулос: Со првите знаци кои индицираа дека кризата ќе има сериозни ефекти врз економијата, веднаш започнавме, многу сериозно, со разгледување на бројни алтернативи за тоа што се може да се преземе. Како што знаете, кај нас не постои мораториум на отплати на долгови и затоа банките мораа да одговорат веднаш, со решение кое ќе може ефективно да одговори на проблемот.
Затоа, поради настанатата ситуација, и ние презедовме многу иницијативи при што на крајот сите банки, посебно големите, се согласивме да имаме конструктивен пристап, да овозможиме 6 месеци одлагање на плаќањата за сите физички лица, покривајќи ги воедно во голем размер и компаниите. Веруваме дека мерката е повеќе од доволна клиентите да го надминат периодот на најдобар можен начин.

Овие мерки беа преземени во склад со Измените на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик на НБРСМ како и Уредбата со законска сила за начинот на промената на договорните услови на кредитните изложености кај банките кои помогнаа банките да ги применат мерките на најефикасен можен начин, без притоа со клиентите да се потпишуваат нови договори/пропратни документи или да се посетуваат филијали и нотари.

Да, но Банките кажуваат дека камата се уште ќе се пресметува во одложениот период?

Диомидис Николетопулос: Разбирам дека ова прашање го поставуваат многу клиенти, иако знаат дека банките во земјата покажуваат високо ниво на одговорност. Би сакал да објаснам дека нема друг начин да се постапи затоа што парите имаат своја цена и штом на депозитите пресметуваме и исплаќаме камата, истото треба да се случува и кај кредитите. Ако запреме, тоа нема да биде никому од корист, и секако е надвор од било која монетарна или банкарска логика. Различните интереси на клиентите, од една страна на оние кои депонираат, односно штедат а на друга на оние кои позајмуваат, е главната причина зошто банките постојат и преку овој приход се заштитува позицијата на банките, кои потоа можат да продолжат да кредитираат за потребите на економијата.

Кои се главните предизвици на среден рок за Банката? Што се случува со ликвидноста и како се афектирани депозитите?

Диомидис Николетопулос: Примарен приоритет, секогаш, дури и нагласено повеќе за време на кризи, е банките и целиот систем да се ликвидни! Ликвидноста на нашиот банкарски систем е на високо ниво, многу повисоко отколку во пост кризниот период од 2008-2009 година.
Станува очигледно дека оваа криза е посериозна и не покажува препознатливи трендови се уште иако, забележуваме дека редовните глобални и тековите во нашиот систем се намалени и забавени. Депозитите кај нас се стабилни, клиентите се смирени и не забележуваме големи движења во тој дел.

Средствата со кои располага Банката и создадените резерви во Стопанска банка се сосема доволни да се пресретнат потребите на клиентите. Износот на ликвидноста е повисок од потребните нивоа, и структурата на ликвидните средства е составена на начин кој може да обезбеди брза конверзија во готовина и веднаш да бидат на располагање за системот.

Се разбира, понатаму, по надминување на кризата, предизвикот ќе биде како да се регулираат големиот број на кредити кои се сега со одложена отплата и да се избегне креирање на раст на нефункционални кредити што пак може да предизвика притисок за поголема потреба од ликвидни средства. Би сакал да напоменам, дека НБРСМ, согласно пристапот на европските банки, ја промени регулативата за управување со кредитниот ризик, овозможувајќи им на Банките да продолжат со реструктурирање без да ги третираат кредитите како реструктуирани и/или  нефункционални. Веруваме дека надлежните институции во земјата ќе продолжат да изнаоѓаат патишта кои ќе овозможат економијата, како целина, не само да излезе од кризата, туку и да најде потенцијал да заздрави и да почне повторно да расте.

Целосното интервју можете да го погледнете на следниов линк.

Извор: Капитал.мк

Интервјуа

Роберт Тодоровски, КЛИКНИ ЈАДИ: Нарачувањето на храна во компаниите е еден вид тим-билдинг

Објавено

на

Кликни Јади е компанија чија основна дејност е достава на храна и намирници до вашиот дом или канцеларија, улога која е мошне значајна особено во периодот на пандемијата со Ковид-19 и ограничувањето на движењето на граѓаните.  (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју НИКОЛА ЈОШЕВСКИ: Финансиските друштва – како банкарството од сенка ќе бидат финансика поддршка за населението во пост-Ковид кризната иднина

Објавено

на

Со појавата на небанкарските институции во 2011 година во Македонија започна примената на финансиската инклузија, за која развиениот свет одамна знае и ја применува, а на овој терен таа либерализација беше неопходна со една единствена цел – унапредување на финансиското работење на пазарот во целина, бидејќи на клиентите им стојат на располагање повеќе опции за задоволување на нивните финансиски потреби од различен карактер.  (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју СУАТ ИНАН: Нашата цел е Халк Осигурување да биде дел од водечките осигурителни компании

Објавено

на

Халк Осигурување АД Скопје како компанија за неживотно осигурување е присутна на македонскиот пазар од 2007 година. Во 2019 година, компанијата по преземањето на сопственоста од Халкбанк АД Скопје се ребрендираше во Халк Осигурување и одтогаш се позабележливо е нејзиното присуство на осигурителниот пазар во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно