Connect with us

Компании

Динерс Клуб Македонија воведува новина во начинот на фактурирање – Од денес (1 јануари), членовите ќе добиваат сметка еднаш месечно

Објавено

на

Динерс Клуб Македонија информира дека од 1 јануари, 2021 година ќе биде имплементирана новина во начинот на фактурирање на сметките за корисниците. Имено, од овој датум, Динерс Клуб Македонија ќе издава сметка еднаш месечно, односно само на 1ви во месецот, наместо досегашната пракса на фактурирање два пати во текот на еден месец, секој 1ви и 15ти во месецот. Aко датумот корепсондира со ден од викенд или неработен ден, фактурирањето ќе се префрли на првиот работен ден од месецот.

„По 25 години на македонскиот пазар и начинот на фактурирање наследен како принцип на работа од претходните сопственици, по промената на сопствеништвото на компанијата, ова е само една од низата новини и придобивки кои ќе им ги овозможиме на нашите постоечки и идни членови. Со ова, одговараме на барањата на корисниците за поедноставување на нашите услуги и унапредување на корисничката грижа.“ – истакнуваат од Динерс Клуб Македонија и додаваат дека за едномесечното генерирање
на сметка корисниците нема потреба да се пријават, услугата е апликативна по автоматизам за сите Динерс Клуб членови.

Заради празниците, првата сметка, членовите на Динерс Клуб Македонија ќе ја добијат на 4 јануари 2021 година, а следната на 1 февруари 2021 година.

Условите за плаќање на сметката не се менуваат, рокот за плаќање останува 8 дена од датумот на нејзиното издавање, а сметката, како и досега може да се плати во банка или преку e-банкарство.

Динерс Клуб Македонија потсетува дека уште 2 дена е активна новогодишната промоција за нови членови со едноставна и брза апликација, без трошоци за одобрување, без членарина за првата година и без уписнина. Дополнително со оваа промоција, новите членови добиваат 1000 денари на нивната Динерс Клуб сметката.

Компании

Зголемени платите на вработените во КАМ за 25% во споредба со лани

Објавено

на

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на своите вработени за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари. (more…)

Продолжи со читање

Компании

АЕТМ објавува нов Jавен повик за зајакнување на дигиталните вештини и отварање нови е-продавници: „Дигитално подготвени за е-трговија“

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Дигитално подготвени за Е-Трговија” објавува Јавен повик за учество на заинтересирани компании во програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и регистрирани индувидуални производители кои доаѓаат од следниве три сектори: (more…)

Продолжи со читање

Компании

ЕОС Матрикс: Зголемени инвестициите во откуп на побарувања во корпоративниот сектор

Објавено

на

Инвестициите во откуп на побарувања од корпоративниот сектор на ЕОС Матрикс се зголемија повеќе од двојно, споредено со претходниот период. Само во последната година компанијата инвестираше нешто околу 1 милион евра во побарувања од овој тип. (more…)

Продолжи со читање

Популарно