Connect with us

НБРМ

Димитар Богов на средба со медиумите по повод Конференцијата за монетарна политика и управување со финансии

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија (НБРМ), во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс од Париз, Франција (The Reinventing Bretton Woods Committee – RBWC) организира меѓународна конференција “Нова нормала” на којашто фокусот на учесниците ќе се насочи кон најновите трендови и предизвици во врска со монетарната политика, финансиската стабилност и управувањето со финансиските средства во целина.

Конференцијата ќе се одржи во петок (16.02.2018 година) во Скопје, а за таа цел гувернерот на НБРМ, Димитар Богов денес ќе одржи средба со медиумите.

На конференцијата главни теми на дебата ќе бидат глобалната економска експанзија, динамика на инфлацијата, финансиската стабилност и значењето на управувањето со финансиски средства во меѓународни рамки. Конференцијата ќе содржи четири сесии, а ќе им голем број на учесници.

Воведно обраќање ќе има гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, а гостите ќе ги поздрави и Марк Узан, директор на Комитетот за преобразување на Бретон Вудс.

Дел од панелистите ќе бидат високи функционери на меѓународните финансиски институции, централните банки и глобалните деловни банки.  НБРМ има задоволство да ги најави Беноа Кере, член на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Тао Џанг, заменик главен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Луиз Авазу Переира да Силва, заменик главен директор на Банката за меѓународни порамнувања (БИС).

На конференцијата учество ќе земат и гувернерот на централната банка на ИСланд, член на Советот на централната банка на Австрија и вицегувернерите на централните банки на Чешка и Литванија.

НБРМ

НБРМ: Каматната стапка на благајничките записи останува непроменета на ниво од 2,5 проценти

Објавено

на

Централна Банка

На 15 јануари 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во НБРМ се одржа конференција на Твининг лајт проектот: „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“

Објавено

на

Во просториите на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) се одржа почетната конференција на Твининг лајт проектот: „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“, финансиран од Европската Унија (ЕУ). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката на НБРМ и министерот за финансии на Форумот на Централна и Источна Европа на „Еуромани“

Објавено

на

Утре и задутре гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, ќе учествуваат на 24. Форум на Централна и Источна Европа, што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange