Connect with us

НБРМ

Димитар Богов: Народна банка постапуваше професионално во случајот со Еуростандард банка и ги преземаше потребните мерки согласно со законот

Објавено

на

Народната банка изминативе денови целосно ги отфрли и демантираше неточните наводи и квалификации објавени во соопштението на Здружението на оштетени штедачи од „Еуростандард“ за начинот на постапување на Народната банка и гувернерката во случајот на „Еуростандард банка”.

Оштетените штедачи со износи повисоки од 30.000 евра најбурно реагираат и не можат да се помират со настанатата ситуација во банката која замина во стечај, па сега со дрва и камења „фрлаат” по сите, почнувајќи од раководството на банката, вработените, фирмите соработнички на Банката, па се до Народната банка и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Но, зошто само оштетените штедачи со повисоки износи од 30.000 евра?

Бидејќи, фондот за осигурување на депозити веќе изврши обесштетување на осигурениот износ на нивниот депозит до 30.000 евра во денарска противвредност по депонент, за сите депоненти на банката во износ до законски утврдениот максимален износ.

Тоа значи дека и оштетените штедачи со депозити повисоки од законски утврдениот максимален износ добија обесштетување на осигурениот износ на нивниот депозит до 30.000 евра во денарска противвредност по депонент, но за жал преостанатиот износ во моментов им стои замрзнат и тие остануваат доверители со утврдено побарување и остатокот на своето побарување може да го наплатат по впаричување на стечајната маса.

Разбирлива е реакцијата на оштетените штедачи кон раководството на Банката и сопственикот на „Еуростандард банка” кои за работењето на Банката биле запознаени во целост.

Но, нејасно е која е причината за такви жестоки реакции кон Народната банка и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска?

Регулаторот на банкарскиот сектор, во случајов Народната банка е задолжена да ја одржува стабилноста и да врши супервизија на банкарскиот сектор  во целина, но и на секоја банка поединечно. Постојат писмени докази дека Народната банка во неколку наврати упатувала опомени и изрекувала голем број супервизорски мерки врз основа на наодите на супервизорските тимови соодветни на состојбите на „Еуростандард банка”.

Конкретно, од 2013 година, па сѐ до одземањето на дозволата во август 2020 година, на „Еуростандард банка” и биле изречени околу 70 супервизорски мерки.

Напоменуваме, Народната банка не е банка која одобрува кредити, туку е регулатор кој врши супервизија на работењето на банките. Поради констатиран зголемен кредитен ризик од одобрените кредити во „Еуростандард банка” одобрени од раководните структури на Банката, за да го заштити нејзиниот биланс, Народната банка побарала да се изврши докапитализација на Банката, која раководството не успеало да ја реализира.

Токму поради тоа, Народна банка постапуваше професионално во случајот со „Еуростандард банка” и ги преземаше сите потребни мерки согласно со законот. Во прилог на оваа констатација оди и податокот дека сите релевантни меѓународни финансиски институции и домашни експерти посочија дека Народната банка, како професионална и независна институција, во случајот на „Еуростандард банка“, постапила соодветно и навремено.

Поранешниот гувернер Димитар Богов, по повод Надзорната расправа во Собранието за пропаѓањето на „Еуростандард банка”, достави свое писмено мислење до Комисијата за финансирање и буџет. Тој беше на чело на Народната банка на РМ во периодот од мај 2011 до мај 2018 година и одлично е запознаен со ситуацијата во „Еуростандард банка”.

Неговото мислење го пренесуваме во целост:

„Регулаторот на банкарскиот сектор, во нашиот случај НБРМ, со закон е задолжена да ја одржува стабилноста на банкарскиот систем. Стабилноста на секоја индивидуална банка е одговорност на акционерите и раководството на банките. Сепак, банките се пазарни субјекти, но поради тоа што последиците од пропаѓање на банка се многу поголеми отколку од обично претпријатие, банкарството е сектор кој е под регулаторен надзор во обликот на банкарска супервизија. Тоа придонесува за поголема сигурност на банките и помала веројатност за пропаѓање отколку на претпријатијата. НБРМ значително го зајакна капацитетот на банкарската супервизија во изминатиот период и одземањето на согласноста на Еуростандард банка (ЕСБ) е единствен случај во последните 12 години. За споредба, во Европската Унија секоја година се одзема согласноста на десетина банки. Во Хрватска, во последните десет години одземена е согласноста на 8 банки, а во Србија на 11 банки. Никаде за тоа не го обвинија регулаторот.

Народна банка врши ex post контрола на кредитната изложеност на банките при редовната супервизија. Притоа, таа го утврдува ризикот на поголемите индивидуални кредити и општиот ризик на кој се изложени банките. Поради утврдениот повисок кредитен ризик, ЕСБ беше под засилен надзор, при што НБРМ вршеше теренска контрола секоја година. Народната банка може да ги презема сите законски мерки согласно Законот, но не може да ги микроменаџира банките. Тоа е во исклучива надлежност и е одговорност на акционерите и раководните структури во банките.

НБРМ не е институција која утврдува дали има криминал туку го проценува ризикот на кој се изложени банките. Во ЕСБ се соочувавме со банка која презема високо ниво на ризик. Врз основа на констатираните слабости во управувањето со ризиците, уште од 2013 година, гувернерот преземаше редовни и вонредни мерки согласно Законот за банките и соодветно на ризиците на кои беше изложена банката. Тие меѓу другото вклучуваа и забрана за кредитирање на клиенти класифицирани пониско од А категорија, односно дозволуваа давање кредити само на најдобри клиенти класифицирани во А категорија. Исто така, од банката се бараше да одржува ниво на капитал скоро двојно повисоко од законскиот минимум.

Акционерот на ЕСБ и Надзорниот Одбор (НО) беа редовно информирани од НБРМ за состојбите во банката. Банкарската супервизија редовно ги презентираше наодите од контролите во банката пред НО. Дополнително, гувернерот во два или три наврати (во мое време) го повика целиот состав на НО и им ја презентира реалната состојба во банката, проблемите со кои се соочува и мерките кои треба да ги преземат. При секоја теренска контрола НБРМ утврдуваше потреба од дополнително издвојување резервации за ризичните пласмани и бидејќи тоа го намалуваше нивото на капитал беше издавано решение за докапитализација на банката, со што адекватноста на капиталот на банката се одржуваше во рамки на законските барања.

Отворање администрација во банка е една од мерките кои се предвидени во Законот за банки, но дали оваа супервизорска мерка ќе ја примени супервизорот, зависи од проблемот со којшто се соочува банката, респонзивноста на нејзиниот менаџмент и клучно – подготвеноста на акционерите да ја поддржат банката. Воведувањето администрација се применува само ако со нејзината примена може да се постигне резултат. Во конкретниот случај, имајќи предвид дека акционерот презел обврска да ја докапитализира банката, воведувањето администрација би било нецелисходно.

По својата природа банките работат со ризик, бидејќи секој даден кредит значи изложување кон одредено ниво на ризик. Банките во својата деловна политика одредуваат кој ќе биде нивниот апетит за преземање ризик. Тие можат да одобруваат кредити и без обезбедување. Впрочем банките во Македонија се прилично конзервативни споредено со банките во развиените економии и најчесто одобруваат кредити со високо обезбедување. Но, поради неразвиениот пазар на недвижности, обезбедувањето кое најчесто е хипотека на имот не е гаранција дека банката би си го наплатила побарувањето со продажба на хипотеката. Задача на регулаторот е да го процени ризикот, да обезбеди банката да издвои соодветна резервација за тој ризик и да одреди ниво на капитал кое банката треба да го одржува. ЕСБ беше банка од која се бараше одржување на исклучително високо ниво на капитал соодветно на ризиците на кои беше изложена.

Во случајот на ЕСБ, НБРМ постапуваше професионално и ги преземаше потребните мерки согласно со законот. Од јавно расположливите информации, евидентно е дека покрај сите преземени мерки и засилениот надзор, акционерот ја довел банката во состојба на несолвентност и не обезбедил нејзина докапитализација на потребното ниво во дадениот рок. Во таква ситуација одземањето на согласноста е единствено исправно решение. И покрај одењето во стечај на ЕСБ, НБРМ ја зачува стабилноста на банкарскиот систем и со тоа финансиската стабилност, што е нејзина втора цел покрај одржувањето на макроекономската стабилност како основна цел согласно Законот“, вели поранешниот гувернер на Народната банка, Димитар Богов во мислењето доставено до собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Димитар Богов претходно во изјава за „МИА” изјави дека гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ја донела единствената исправна одлука за „Еуростандард банка“ во дадената ситуација и дека кога тој би бил на нејзиното место би ја донел истата одлука.

“Со одземањето на дозволата за работење на Еуростандард банка, всушност ќе зајакне стабилноста на банкарскиот систем, бидејќи се отстрани единствената слаба алка во системот. Сите останати банки работат профитабилно и имаат ниво на капитал далеку над законскиот минимум“, вели претходникот на Ангеловска-Бежоска.

“За жал, и покрај годишните супервизорски извештаи од контролите во оваа банка кои му беа доставувани на Надзорниот одбор и многуте работни состаноци во изминатите години со акционерот и целиот состав на Надзорниот одбор, на кои детално им беше презентирана реалната состојба во Банката и амбисот кон кој се движат, тие не успеаја да го подобрат работењето со Еуростандард банка и да го намалат нивото на лошите кредити“, истакнува Богов за МИА.

Притоа тој посочува дека зголемувањето на капиталот кое се вршело на барање на Народната банка, многу брзо се трошело од загубите што се правеле со нови лоши кредити.

“Низ годините, Народната банка ги презема сите законски мерки согласно Законот, но таа нема надлежност за микроменаџирање на банките. Тоа е исклучиво во надлежност и е одговорност на акционерите и раководните структури во банките“, порача Богов во изјавата за МИА во врска со затворањето на банката.

Поддршка за Народната банка даде и извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Антони де Ланој, член на Извршниот одбор на ММФ и задолжен за Северна Македонија.

„Народната банка е професионална и независна институција, којашто при одлучувањето ги применува највисоките меѓународни стандарди и најдобрите меѓународни практики. Одземањето на дозволата на „Еуростандард банка“ покажува дека Народната банка е подготвена да преземе навремени корективни супервизорски активности за да се обезбеди целокупната стабилност на финансискиот систем.”, изјави Антони Де Ланој.

Де Ланој се осврна и на некои од изјавите и случувањата по затворањето на „Еуростандард банка“.

„Обидите за политизирање на активностите и одлуките на Народната банка се ризик за загрозување на независноста на Народната банка. Меѓународното искуство покажа дека без независност, централните банки се воздржуваат од донесување тешки, но неопходни одлуки, што на крајот ја става во опасност стабилноста на севкупниот финансиски систем и може да доведе до далеку поголеми загуби за општеството отколку кога навремено се преземаат потребните корективни супервизорски активности.“ – рече Де Ланој.

НБРМ

„Централ бенкинг“: Народната банка води сметка за ангажирање квалитетни кадри и постојано вложува во нивните знаења

Објавено

на

Споредбената анализа на еден од водечките информативни сервиси за централно банкарство и финансии во светски рамки, „Централ бенкинг“, открива дека нашата централна банка се вбројува меѓу централните банки коишто водат сметка за ангажирање квалитетни и посветени кадри, кои се клучен столб при изготвувањето и примената на здрави и издржани политики. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Твининг-проект: Народната банка постојано ги следи стандардите и практиките на Европската Унија во сферата на банкарската супервизија и регулатива

Објавено

на

Народната банка е постојано посветена на усогласувањето на домашната регулатива и на практиките во своето работење со законодавството и рамката на Европската Унија во сферата на банкарската супервизија. Ова е опфатено и со дел од проектните активности од твининг-проектот „Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во Европскиот систем на централни банки“, финансиран од Европската Унија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Советот на Народната банка привремено ја ограничи распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките

Објавено

на

Советот на Народната банка денеска одржа редовна седница на којашто донесе Одлука за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките. Оваа одлука се однесува и на штедилниците, соопшти Народната банка. (more…)

Продолжи со читање



Популарно