Останато
Дигиталните валути станаа платежно средство во Јапонија


Во Јапонија од овој месец стапи на сила нов закон, со кој се легализираат дигиталните валути како законско платежно средство.
Јапонската Комисија за сметководствени стандарди соопшти дека почнува да работи на создавање рамка, која треба да му ја олесни работата на сметководствениот сектор при обработка на трансакции во дигитални валути. Се очекува тој процес да трае околу шест месеци.
Во врска со влегувањето на сила на новиот закон локалните банки планираат да се заземат целосно со тестирање на технологијата „блокчејн“ (на чија основа се појави виртуелната валута).
Здружението на јапонските банки претходно соопшти дека има намера до април 2018-та година да создаде нова платформа за соодветните тестови и за големите, и за регионалните институции. Целиот процес ќе биде поддржан од централната банка на Јапонија и Агенцијата за финансиски услуги.
Крајната цел на овој проект е да се развие опција за користење на технологијата „блокчејн“ за вршење на меѓубанкарскиот трансфер на пари што може да ги намали вклучените трошоци со околу 5%. Ова ќе доведе до пониски банкарски такси и ќе ја зголеми побарувачката на банкарски услуги од клиентите.
Во Јапонија пред две години се пуштени во оптек криптовалутите, вклучувајќи биткоини, литекоини, рипли и други, во вредност од околу 1,7 милијарди долари. Според Институтот за истражување „Фуџи Чимера“, предвидено е до 2020 година во оптек да бидат дигитални пари во противвредност од околу девет милијарди долари.
Останато
ММФ: Украина може да ја избегне хиперинфлацијата, најважен е тајмингот на помошта


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денеска изјави дека „станува пооптимистична” дека договорот меѓу седумте најголеми светски економии од Г7 за обезбедување нови буџетски средства за Украина ќе и помогне на земјата да избегне хиперинфлација. (more…)
Останато
Преку мерката „Мој ДДВ” за првото тримесечје кај граѓаните вратени 491,5 милиони денари
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје