Криптовалути
Дигитална рупија – Индија воведува дигитална верзија на домашната валута


По неколку години колебање и истражување, Индија конечно направи чекор напред кон усвојувањето на тргување и трансакции со криптовалути, а дополнително на тоа планира и воведување на дигитална верзија на домашната валута рупија.
Освен воведувањето на дигитална рупија, земјата ќе оданочува трансакции во криптовалути, изјави министерката за финансии Нирмала Ситараман.
Дигиталната рупија ќе биде воведена во новата фискална година што почнува во април, додаде министерката Ситараман на презентацијата на буџетот, додавајќи дека тоа „ќе и даде голем поттик на дигиталната економија и ќе создаде услови за поефикасен и поевтин систем за управување со валутата“.
Индиската министерка за финансии наведе дека планираат да го оданочуваат приходот од трансферот на виртуелни средства со стапка од 30 проценти, додавајќи дека какви било загуби од таквите трансакции нема да бидат одбиени од даноците.
Најавата за дигитална варијанта на рупиите се совпадна со објавувањето на истражувањето, што покажува дека Индија е еден од најбрзо растечките пазари на криптовалути во светот и дека Централната банка предупредува дека регулацијата на дигиталниот капитал е неопходна за борба против ризикот од перење пари, финансирање тероризам и инфлација.
Криптовалути
Ќе се формира нов регулатор кој ќе биде одговорен за регулирање на индустријата за криптовалути


Европската унија (ЕУ) планира да создаде шеста „организација против перење пари“ која ќе биде конкретно одговорна за регулирање на индустријата за криптовалути. (more…)
Криптовалути
Криптовалутите повторно во пораст


Цената на биткоинот повторно се намали откако во изминатите 24 часа го достигна највисокото ниво од средината на јуни, поради оптимизмот дека инфлацијата полека се намалува. (more…)
Криптовалути
(ВИДЕО) Спојувањето на етериум може да ја поттикне цената на биткоинот нагоре!?


Популарниот крипто-аналитичар Бенџамин Кауен анализира како етериум може да ја поттикне цената на најпознатата криптовалута биткоинот нагоре. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје