Connect with us

Криптовалути

Дигитален долар: Дали Американците ќе добијат нова валута!?

Објавено

на

Дигиталниот долар би можел да биде добро решение за Американците кои немаат пристап до банкарски сметки или системи за лесно плаќање, изјави Џенет Јелен, американската министерка за финансии.

Јелен изјави дека администрацијата на претседателот Џо Бајден го поддржува истражувањето за одржливоста на дигиталниот долар, што претставува промена во однос на нејзиниот претходник Стивен Мнучин.

„Логично е централните банки да размислуваат за издавање суверени дигитални валути“, изјави Џенет Јелен на виртуелната конференција организирана од Њујорк Тајмс, пренесува „Bloomberg”.

Јелен објасни дека дигиталната верзија на доларот може да помогне во надминување на пречките во вклучувањето домаќинства со пониски примања во финансискиот систем.

„Премногу Американци немаат пристап до системи за лесно плаќање и банкарски сметки и за тоа би можело да помогне дигиталниот долар, како дигитална валута на централната банка. Тоа би довело до побрзи, побезбедни и пониски плаќања“, објасни Јелен.

Голем број централни банки, вклучувајќи ги и Федералните резерви на САД, спроведуваат истражување за тоа како може да се користи дигиталната верзија на нивните валути.

Криптовалути

ММФ бара укинување на биткоинот како законско средство за плаќање во Ел Салвадор

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го повика ЕЛ Салвадор да ја поништи одлуката биткоинот да стане легално сретство за плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Градоначалникот на Њујорк првата плата ја добива во криптовалути

Објавено

на

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс соопшти дека во петок ќе ја добие првата плата од своето работно место, и тоа не во долари, туку во криптовалутите Биткоин и Етериум, пренесува „Ал Џазира Балканс“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно