Connect with us

Осигурување

Дивиденди од Intel corporation, Wells Fargo&Co, како и камати од државни обврзници и депозити во домашни банки пристигнаа на сметките на пензиските фондови управувани од Сава пензиско друштво а.д. Скопје

Објавено

на

Управувајќи со средствата на идните пензионери, Сава пензиско друштво има за цел да обезбеди сигурна иднина на своите членови. Со инвестирање на средствата се остварува принос преку кој се менува вредноста на пензиските заштеди. На овој начин Друштвото се стреми да обезбеди оптимална пензија за идните пензионери.

Во портфолијата на пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус, покрај различните финансиски инструменти може да се забележат и имиња на познати светски и домашни компании каде што се инвестирани средствата на членовите.

Од Друштвото информираат дека од инвестираните средствата на домашниот и странските финансиски пазари, во периодот од 01.06.2020 до 10.06.2020 година на сметката на Сава пензиски фонд се пристигнати приливи од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 14.974.185,00 денари и приливи од камати во износ од 7.595.916,00 денар, по основ на орочени депозити во домашни банки.

За истиот овој период пристигнале и приливи од дивиденда во износ од:

– 8.662,50 долари, од инвестираните средства во компанијата Intel Corporation;

– 13.610,62 долари, од инвестираните средства во компанијата Wells Fargo&Co;

– 12.020,64 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Ishares iboxx investment grade corporate bond ETF;

– 10.929,24 долари, од инвестираните средства во компанијата Honeywell International Inc и

– 32.664,87 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд SPDR MSCI ACWI ex-US (ETF).

Во периодот од 01.06.2020 до 10.06.2020 година на сметката на Сава пензија плус, пристигнал прилив од камата од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 3.064.453,00 денари, како и приливи од камати во износ од 173.797,00 денари по основ на орочени депозити во домашни банки.

На сметката на Сава пензија плус, во истиот период пристигнале и приливи од дивиденда во износ од:

– 248,32 долари, од инвестираните средства во компанијата Intel Corporation;

– 379,49 долари, од инвестираните средства во компанијата Wells Fargo&Co;

– 271,51 долари, од инвестираните средства во инвестицискиот фонд Ishares iboxx investment grade corporate bond ETF и

– 165,69 долари, од инвестираните средства во компанијата Honeywell International Inc.

Приносот кој што се остварува од инвестирањето на средствата им припаѓа на членовите на пензиските фондови и се распределува на нивните сметки. На овој начин растат пензиските заштеди на идните пензионери.

Подетални информации за тоа во кој финансиски инструменти и компании се инвестираат средствата можете да најдете преку редовните квартални финансиски извештаи објавени на веб страната на Друштвото www.sava-penzisko.mk.

За подобра информираност друштво неодамна ја промовираше и мобилна апликација Сава пензиско план, преку која членовите во секое време имаат целосен увид во својата пензиска заштеда. Дополнително преку мобилната апликација членовите имаат можност да бидат известени секогаш кога ќе им бидат уплатени придонеси во пензискиот фонд.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Осигурување

Сава пензиски фонд и Сава пензија плус примија приливи од камати и дивиденди од компании како Henkel AG & CO KGAA; Basf SE; Rоyal Dutch Shell PLC-A SHS, Bank Of America Corp.

Објавено

на

Средствата на членови на пензиските фондови се инвестираат во најразлични финансиски инструменти дома и во странство се со цел остварување на соодветен принос кој се распределува пропорционално на сметките на сите членови. Токму затоа од Сава пензиско друштво редовно ги информираат членовите на пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус за пристигнатите приливи по основ на дивиденди и камати. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Домаќинско осигурување од Халк Осигурување со 25% попуст за вработени во здравствени установи и МВР

Објавено

на

Во услови на пандемија со вирусот Ковид-19, кога целиот товар паѓа врз здравствените работници, но и на вработените во МВР, Халк Осигурување одлучи да им се заблагодари на хероите од првите борбени редови, кои се грижат за нашето здравје и безбедност, обезбедувајќи 25 проценти попуст на полиса за домаќинско осигурување за сите вработени во здравствени установи и МВР! (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Еуролинк Осигурување АД Скопје оствари добивка од 1,9 милиони денари во 2019 година

Објавено

на

Еуролинк Осигурување АД Скопје преку Македонска Берза објави ревидиран финансиски извештај за периодот 01.01.-31.12.2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно