Connect with us

Осигурување

Дивиденди од реномирани светски компании пристигнаа на сметките на пензиските фондови управувани од Сава пензиско друштво

Објавено

на

Сава пензиско друштво а.д. Скопје редовно ја информира јавноста и членовите на Сава пензиски фонд и Сава пензија плус за пристигнатите приливи од инвестираните средства на пензиските фондови.

Покрај редовните соопштенија за пристигнати приливи кои се објавуваат на нивната веб страна, дополнително сите членови добиваат известувања и преку мобилната апликација Сава пензиско план. На овој членовите во секое време имаат детален увид за приливите, придонесите и состојбата на нивната пензиска заштеда.

Од податоците наведени во финансиските извештаи на пензиските фондови, може да се забележи дека средствата се инвестираат во државни и корпоративни обврзници, банкарски депозити, удели во инвестициски фондови, како и во акции на најуспешните домашни и странски компании.

Според последните податоци објавени на веб страната на Друштвото во период од 31.07.2020 до 09.08.2020 година во пензиските фондови се пристигнати приливи во вкупен износ од 9.254.610 денари по основ на камати и 44.954 долари по основ на дивиденди.

На сметката на Сава пензиски фонд пристигнати се приливи од камати во износ од 6.645.582,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки и приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 2.456.450,00 денари.

Во истиот овој период од 31.07.2020 до 09.08.2020 година во Сава пензиски фонд пристигнати се и приливи од дивиденди во вкупен износ од 43.745,71 долари од компаниите: JP Morgan Chase&CO; Verizon Communications Inc; PNC Financial Services Group Inc и инвестицискиот фонд Ishares Iboxx Investment Grade Corporate Bond ETF.

На сметката на Сава пензија плус во периодот од 31.07.2020 до 09.08.2020 година пристигнати се приливи од камати во износ од 152.578,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки. По основ на дивиденда во Сава пензија плус пристигнати се приливи во вкупен износ од 1.208,48 долари.

Подетално за сите приливи можете да прочитате во делот соопштенија за јавност на веб страна на друштвото.

Овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензискиот фонд, им припаѓаат на членовите и на пензионираните членови на фондот и пропорционално се распределуваат на нивните сметки.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk.

Осигурување

Македонски експерти ќе бидат дел од глобалниот настан насловен како „Иднината на осигурувањето во Европа“

Објавено

на

Во организација на водечката меѓународна новинарска агенција „Reuters” се организира Глобален настан насловен како „Иднината на осигурувањето во Европа“. Настанот е виртуелен и ќе биде одржан на 24-ти и 25-ти ноември. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Уника укинува 600 работни места до крајот на 2022 година

Објавено

на

Осигурителната група „Уника” планира да укине околу 600 работни места до 2022 година, претежно во Австрија и да затвори една третина од филијалите во матичната земја, соопшти австриската осигурителна компанија. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Халк Осигурување со долготрајна стратегија за подигнување на свеста за грижата на машкото здравје

Објавено

на

Разговорот за машкото здравје често се занемарува во дискусиите за јавно здравје. Сепак, негрижата за здравјето на мажите може да им предизвика значителна болка и страв при првата посета во медицинска установа. Занемарувањето на здравјето на мажите не само што е неефикасно туку и носи намалување на квалитетот на животот, предизвикува страдања, па доведува и до предвремени смртни случаи. Најновите истражувања на фондацијата за рак на простата (www.pcf.org) велат дека кај едно од девет лица ќе биде дијагностицирано рак на простата.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно