Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

ДЗС: 3% раст на БДП во третото тромесечје

Објавено

на

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2018 година е 3%, соопшти Државниот завод за статистика.

Извозот на стоки и услуги е номинално зголемен за 16,4%, а увозот бележи зголемување во номинален износ од 12,6%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2018 година номинално расте за 5%, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 62,5%.

Во третото тримесечје од 2018 година, најголем раст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности, Дејности на домаќинствата како работодавачи, Дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 17%, во секторите Трговија на големо и трговија на мало, Поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9,4%, како и во секторите Стручни, научни и технички дејности, Административни и помошни услужни дејности од 7,7%.

Останато

Никола Поповски нов главен извршен директор на Македонска банка за поддршка на развојот

Објавено

на

Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја информираше јавноста дека г-дин Никола Поповски е избран за нов ВД Главен извршен директор и член на Управниот одбор на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Нова филијала на Тиго Фајнанс отворена во населба Ченто

Објавено

на

Денеска во населбата Ченто, Тиго Фајнанс ја отвори својата најнова филијала. Со оваа филијала, мрежата на Тиго се комплетира до 26 и опфаќа 19 градови ширум земјата, претставувајќи најшироко распространета мрежа во финтек индустријата, секогаш достапна за потребите на граѓаните. Од финансиското друштво најавуваат дека растот и проширувањето на достапноста ќе продолжи и понатаму. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Коста Ивановски, CFA назначен за нов член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво АД Скопје

Објавено

на

Според последните промени во органите на управување на Сава пензиско друштво АД Скопје, Коста Ивановски, CFA е назначен за нов член на Управниот одбор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange