Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Странски банки

Дефинитивно крај за банкнотата од 500 евра!

Објавено

на

Германските и австриските централни банки, банкнотите од 500 евра ќе ги имаат во оптек само уште до овој петок.

Меѓутоа, тоа не го зголеми барањето на банките за банкноти од овој износ. Останатите 17 централни банки во земјите внатре во еврозоната, највредната розева банкнота престанаа да ја издаваат уште кон крајот на јануари.

„Централните банки во Германија и Австрија досега издаваа најмногу банкноти од 500 евра во оптек. Затоа и беше одлучено тие последни да престанат со издавањето. Бидејќи голем логистички потфат е сите банкноти од 500 евра да се заменат со банкноти од 100 евра“, изјави претседателот на Германската централна банка Јоханес Берман за дневникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Советот на Централната европска банка уште во 2016 година одлучи во новата серија банкноти со засилени сигурносни обележја нема да биде и онаа најгоелмата, онаа од 500 евра. Со укинувањето на оваа банкнота одговорните се надеваат на сузбивање на тероризмот и работата на црно.

Странски банки

Андреас Трајхл, од Ерсте Групација е прогласен за “банкар на годината” за 2019 година

Објавено

на

Андреас Трајхл, претседател на извршниот одбор на Ерсте Група, е прогласен за “банкар на годината” за 2019 година во рамките на доделувањето на годишните награди на магазинот “Euromoney“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Реструктирањето на Deutsche Bank ќе чини околу 5 милијарда евра

Објавено

на

Deutsche Bank очекува главните трошоци за реструктуирање да изнесуваат околу 5 милијарди евра, изјавил во средата добро информиран извор, објави Business Insider. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Нов гигант во регионот: НЛБ ја презема Комерцијална банка?

Објавено

на

Нова Љубљанска Банка (НЛБ) е помеѓу потенцијалните кандидати за купување на Комерцијална банка, јавува Ројтерс. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange