Connect with us

Депозити

Детското штедење Халки со промотивни каматни стапки до крајот на октомври

Објавено

на

Сега е вистинско време да почнете да штедите за вашите најмили. Халкбанк АД Скопје, по повод месецот на штедење октомври, започна промотивна кампања за детското штедење Халки, со каматни стапки кои достигнуваат до 1,7 отсто. Промотивните каматни стапки се однесуваат на сите новоотвоени депозити до 31 октомври, кога се одбележува Меѓународниот ден на штедењето.

„Годинава одлучивме октомври целосно да го посветиме на детското штедење, но и на децата генерално. Покрај понудата на најповолни каматни стапки за отворање детски штедни книшки, наскоро ќе објавиме литературен конкурс за деца на тема „Инклузија – сите деца се исти“. До крајот на месецот ќе го промовираме ексклузивното издание на „Сликовницата на Халки“, кое ќе има и своја хуманитарна димензија“, вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.

Минималниотизносза отворање денарски детски депозит во банката изнесува 1.000 денари додека штедењето во евра може да започне со износод 20 евра. Постапката е едноставна, со оглед на тоа што потребни документи за отворање детски депозит се лична карта или пасош од законскиот застапник – родител или старател и извод од матична книга на родените на детето.За секој новоотворен депозит, малите штедачи добиваат дизајнирана детска штедна книшка и подарок касичка од Халки.

Во текот на октомври, на Фејсбук страницата на Халки, кој прерасна во вистински симбол на детското штедење, ќе бидат објавени неколку видеа и поткасти со едукативни содржини за деца.

Повеќе информации за Детското штедење Халки се достапни на следниот линк.

Депозити

Најдобри опции за чување на вашите пари

Објавено

на

Во неколку наврати ја потенциравме важноста на штедењето, чија корисност не треба во никој случај да се потцени. Има безброј причини зошто да заштедите пари – тргнувајќи од заштита во случај на финансиска криза, избегнување долгови, намалување на финанскиските стресови, па сè до обезбедување финансиско наследство за вашите најмили. Доколку веќе сте ја стекнале оваа здрава навика, сосема е природно да се запрашате каде да ја чувате вашата заштеда, за истата да биде безбедна. Штедењето во банка е една од најдобрите финансиски навики што можете да ги усвоите, имајќи предвид дека доколку истите ги орочувате, износот на депонираните средства ќе се зголеми за висината на каматата. Па така, вашето штедење ќе премине во заработка. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Не ти се чека? Исплата на каматата на денот на уплата на влогот – СТББТ со промотивен депозит по повод месец на штедењето

Објавено

на

Со цел одбележување на месецот на штедење, октомври, Стопанска банка а.д. Битола воведе промотивен депозит кој покрај најконкурентните каматни стапки се издвојува од останатите на пазарот по огромната поволност која ја има, исплаќање на каматата за вложените средства антиципативно, односно, на денот на уплата на влогот. (more…)

Продолжи со читање

Депозити

Исплатени се точно 89,56% од вкупниот пресметан износ на обесштетување на депонентите – физички лица со право на обесштетување од „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај

Објавено

на

Фондот за осигурување на депозити ја известува јавноста дека на 15 септември 2021 година измина една година од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите – физички лица со право на обесштетување од „Еуростандард банка” АД Скопје во стечај. Во текот на оваа година исплатени се точно 89,56% од вкупниот пресметан износ на обесштетување или вкупно 12.228 депоненти. (more…)

Продолжи со читање



Популарно