Домашни банки
Детското штедење Халки доби свое лого


Детското штедење Халки, еден од најпрепознатливите производи на Халкбанк АД Скопје, доби свое лого. Детскиот депозит, чиј симбол е Слончето Халки, им овозможува на родителите да создадат сигурна иднина за своите деца. Потврда за тоа се и поволните каматни стапки, кои за детското штедење во денари достигнуваат до 1,8 проценти.
„Следејќи го пулсот на нашите клиенти, ние во Халкбанк постојано изготвуваме програми и понуди со многу поволности, а една од клучните е токму детското штедење Халки. Среќни сме што сè поголем број родители се интересираат за детското штедење. И разбирајќи ја нивната грижа и посветеност да обезбедат сигурност за своите најмили, ние за возврат постојано се трудиме, покрај самиот производ за штедење и сигурноста која ја носи нашиот бренд, да им понудиме и вистинско пријатно искуство за нив и нивните деца во користењето на оваа наша услуга. Новото лого на Халки на некој начин го отсликува сето ова. Агенцијата се потруди да направи решение кое ќе произлегува од самиот Халкбанк бренд, ќе дава растечка насока и поглед кон иднината, а воедно ќе го претставува и искуството кое се добива низ активностите на нашето слонче Халки. Во комуникацијата се надоврзуваме и на нашиот корпоративен слоган, но овој пат сосемa природно, велиме „Важни се луѓето, уште поважни се децата“, вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.
Инспирацијата за новото лого е маскотата на слончето Халки, а формата е геометриска стилизација на неговиот лик.
„Во креацијата на логото се употребени линиите од официјалното лого и брендингот на Халкбанк, како и официјалната типографија од логотипот. Палетата на бои ги содржи зелените тонови што асоцираат на Халки и неговата мисија – подигнувањето на свеста и грижата за животната средина, додека сивиот тон потсетува на бојата на кожата на слоновите“, објаснуваат од маркетинг агенцијата „Ефектива“ чиј тим се грижи за комплетниот развој на ликот на Халки.
Слончето Халки како симбол на детското штедење е дел од голем број општествено-одговорни проекти на Халкбанк. Љубопитниот Халки често организира или поддржува настани, работилници и едукативно-креативни програми за деца. Низ неговите приказни, активности и другарувања, децата учат важни теми за денешното живеење: здрава животна средина, инклузија, прифаќање, креативно изразување и добри животни навики како читање книги и штедење. Халки е омилен другар на малите, но и големите деца и им помага во нивните авантури и развивањето на нивните таленти. Најголемите идоли на Халки се токму деца.
Депозити
Колку заштедивте летово? Сега е моментот – 2% фиксна каматна стапка за орочени депозити во ПроКредит Банка


Летната сезона е момент кога сакаме да се релаксираме, кога трошоците ни се предвидени за уживање, но секогаш е добредојдено да испланирате и сигурна заштеда за иднината! (more…)
Домашни банки
„Поетска ноќ во Велестово“ по 34-ти пат со поддршка од Комерцијална банка


Комерцијална банка е долгогодишен пријател и поддржувач на македонското културно творештво со цел не само негово промовирање, туку и негување и создавање идни културни дејци. Во духот на оваа општествено одговорна мисија, Банката и оваа година го поддржа одржувањето на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово”. (more…)
Домашни банки
„За повеќе детски насмевки“ – нова заедничка соработка на Шпаркасе Банка и СОС Детско село


По повод 19 август – Светскиот ден на хуманоста, Шпаркасе Банка ја најавува новата соработка со својот долгогодишен партнер – СОС Детско село и заедничката кампања под мотото „За повеќе детски насмевки“, која ја пренесува силната порака за моќта на поврзувањето и градењето силни врски на доверба и поддршка, кои му се потребни на секое дете за да прерасне во силна индивидуа. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје