Connect with us

Платежни картички

“Дестинација Македонија” – Започна најголемата кампања за патувања во земјава

Објавено

на

Започна најголемата кампања за патувања во државава – Дестинација: Македонија, која ја реализира водечкиот сајт за групни попусти и воедно лидер во е-трговијата  Grouper.mk!

Кампањата, која се реализира четврта година по ред, нуди огромен избор на локални патувања по неверојатно ниски цени, а на корисниците ќе им докаже дека за добро доживување и авантура не е секогаш неопходна авионска карта и ќе им ги покаже сите „скриени“ места и активности во Македонија кои чекаат да бидат истражени!

За оваа кампања, Grouper.mk креираше водич од 101 зделка со примамливи цени, за сите вистински љубители на патувањата, историјата, недопрената природа, вкусна традиционална храна и авантури, со цел да се доживее, искуси и вкуси Македонија, на вистински начин!

Патувачите оваа сезона ќе имаат прилика да уживаат во огромен број на локации, сместувачки капацитети и доживувања, меѓу кои и Bestseller хотелите во прекрасна природа како Радика Маврово и Калин Лазарополе, релаксирачките спа центри на Хотел Изгрев Струга и Хотел Тино св.Стефан во Охрид, вкусна храна и добро вино во винарија Стоби и Попова кула, па сé до летање со параглајдер и јавање коњи на Галичник.

Кампањата Дестинација Македонија која ќе трае од 24 септември па сè до 15 ноември 2018, се очекува да биде најдобра до сега, со многу подароци, изненадувања и големи попусти!

Од север до југ, од исток до запад, ќе следи период на незаборавни патувања и авантури кои секогаш ќе се паметат! Видеото подолу е само уште еден момент плус, кој ќе ве поттикне оваа есен да прошетате низ Макеоднија, зошто како што вели Марјан Ѓорѓиевски – “Ни самите не сме свесни колку места има низ Македонија кои не ги познаваме”, па затоа време е да ја истражиме!

Марјан Ѓорѓиевски – Дестинација Македонија

📯 Побаравме помош од експертот за локална традиција и меѓучовечки односи за нашата нова Дестинација Македонија! 🇲🇰Од север до југ, од исток до запад одиме со Marjan Gjorgievski FAN PAGE на патување на народски начин! Најголемата кампања за патувања дома 🇲🇰 стартуваше денес! ➡️ Кликни за попустите овде: https://grouper.mk/destinacija-makedonija➡️ Информирај се детално на https://blog.grouper.mk/destinacija-makedonija-2018/

Gepostet von Grouper.mk am Dienstag, 25. September 2018

Исто така, за време на кампањата, Grouper во партнерство со Mastercard најавува дополнителна заштеда за сите оние патувачи кои ќе купат некоја од зделките од Дестинација Македонија со својата Mastercard картичка.

Повеќе информации за кампањата и изненадувањата кои ги подготви Grouper.mk можете да најдете на нивниот блог

Останато

Mastercard го менува своето препознатливо лого!

Објавено

на

Компанијата Mastercard објави дека донесена е Одлука за менување на изгледот на своето препознатливо лого. По повеќе од половина век, компанијата ќе го отстрани своето име од логото, каде како заштитен знак ќе останат само црвениот и жолт круг. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ќе се спречува перењето пари – плаќање во кеш само до 1.000 евра!

Објавено

на

Како што пристигна Новата година, така почнаа да важат и нови законски одредби. Откако претходната година во јули беше донесена одредбата на Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам со која прагот на дозволените плаќања во кеш од енормни 15.000 евра драстично се намали на 2.000 евра, заклучно со почетокот на 2019-та година, прагот дополнително се намали на “само” 1.000 евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка АД Скопје ги намали каматните стапки за дозволено пречекорувањи и кредитни картички

Објавено

на

Поради намалување на каматната стапка на благајничките записи, Комерцијална банка АД Скопје донесе одлука, почнувајќи од 01.01.2019 година, да изврши намалување на каматните стапки кај дозволеното пречекорување на трансакциските сметки за физички лица и кај дел од кредитните картички за правни и за физички лица. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange