Connect with us

НБРМ

Депозитите во банките на крајот од 2014 година изнесувале 286.028 милиони денари, а кредитите 255.554

Објавено

на

Граѓаните и фирмите во банките и штедилниците на крајот на 2014 годината чувале депозити во вредност од 286.028 милиони денари. Од нив депозити во денари биле 170.521 милион, а во странски валути 115.507 милиони денари.

 

Според податоците на Народната банка на Република Македонија, физичките лица и самостојните вршители на дејност со личен труд, во банките и штедилниците имале депозити во износ од 203.607 милиони денари, од кои во денари се 106.398 милиони, а во странски валути 97.272 милиони денари.

На крајот на минатата година вредноста на кредитите изнесувала 255.554 милиони денари. Во денари биле земени кредити во вредност од 199.143 милиони, а во странска валута 56.412 милиони денари.

Задолжувањето на физичките лица и самостојните вршители на дејност со личен труд изнесувало 107.070 милиони денари, од кои 100.743 милиони се во денари, а 6.327 милиони во странска валута.

Повеќе

НБРМ

Објавен конкурсот за учениците по повод Светскиот ден на штедењето и Светскиот ден на осигурувањето

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија (НБРМ), Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО) го објавија конкурсот за ученици од основното и средното образование, којшто веќе неколку години наназад е заедничка активност по повод одбележувањето на Светскиот ден на штедењето – 31 октомври и Светскиот ден на осигурувањето – 1 ноември. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ: Известување за 30. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Централна Банка

Ве известуваме дека на 30. сесија на Клубот на истражувачите што ќе се одржи на 26 септември 2018 година (среда) во просториите на Народната банка на Република Македонија, со почеток во 14 часот, ќе бидат презентирани следниве трудови:

  • „Финансирање на малите и средните претпријатија преку банкарскиот сектор во Република Македонија ‒ резултати од анкетно истражување“,  од авторите Тања Јакимова и Неда Поповска-Камнар и
  • „Трансмисискиот механизам на монетарната политика во Македонија преку каналот на преземање ризици: наоди од податоците од Кредитниот регистар“, од авторите Мите Митески, Ана Митреска и Михајло Васков.

Сите заинтересирани за присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите можат да го најават своето присуство најдоцна до 25 септември 2018 година (вторник) на е-адресата: info@nbrm.mk.

Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.

Продолжи со читање

НБРМ

Редовна аукција за продажба на благајнички записи

Објавено

на

На 12 септември 2018 година, Народната банка спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 2,75%. На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво од 25.000 милиони денари.

Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 25.000 милиони денари и беа на ниво на понудениот износ.

Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 10 октомври 2018 година.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange