Connect with us

Осигурување

Ден на осигурување: Што претставува животното осигурување?

Објавено

на

Шансата за ризик секогаш постои. Доколку се прашувате некогаш што вие можете да направите за да се заштитите од тој ризик и да ги ублажите последиците кои истиот ги носи со себе веројатно единствениот одговор на кој помислувате е токму осигурувањето.

Според светската практика сите ние сме запознаени со два главни видови на осигурување – животно и неживотно. Ставајќи особен акцент на животното осигурување накратко ќе ги објасниме неговите главни карактеристики.

Зошто треба да размислите околу животното осигурување?  

Главната цел на секоја политика на осигурување е токму заштитата на вашето семејство, вашите најблиски и сакани од ризикот од финансиската несигурност која би ги очекувала во случај вам да ви се случи нешто непосакувано. Едноставно, животното осигурување е тука за најтешките моменти да не бидат уште потешки туку да помогне и да овозможи потребни финансиски средства. Во случај на смрт, доколку имате брачен другар со кој што имате деца, сте го дале станот под хипотека бидејќи ви требале пари за одредени вложувања, имате сметки за кредитни картички и слични други трошоци (долгови) би размислиле ли во случај на ваша смрт дали тие ќе имаат доволно пари да ја задржат куќата, да го платат школувањето или да го исплатат долгот на вашите картички кој сте го оставиле? Сте размислиле ли како би било сиот тој товар да го префрлите на вашето семејство?

Се разбира дека би сакале да ги заштитите и да ги ослободите од дополнителни проблеми во и така веќе тешките моменти.

Овој инструмент со многуте свои функции и целокупната флексибилност гледајте го како алатка во вашето финансиско планирање. Освен што може да се користи за плаќање на сите трошоци после вашата смрт и покривање на сите долгови, тоа може да послужи и како замена на приходот, односно, обезбедување на вашиот брачен другар и вашето семејство со поголемо чувство на финансиска сигурност.

Да сумираме, осигурувањето на живот е договор помеѓу носителот на полисата за осигурување и осигурувачот, каде што осигурувачот ветува дека ќе плати назначена сума на пари (финансиски надоместок) по смртта на осигуреното лице (најчесто истото е носител на полисата), во замена на премијата која ќе ја плаќа осигуреното лице во текот на неговиот живот. Различните договори за животно осигурување може да варираат во одредени граници и во зависност од истите, други настани како што се различни болести исто така може да предизвикаат плаќање. Носителот на полисата плаќа премија, редовно на рати или како една целосна сума, според договор.

Политиките за живот се правни договори и условите на договорот ги опишуваат ограничувањата на осигурените настани. Специфичните исклучоци често се запишуваат во договорот за ограничување на одговорноста на осигурувачот, а како најчести вообичаени примери се тврдењата поврзани со самоубиство на осигуреникот, измама, војна, немири.

Осигурување

Бројот на претставки решени во корист на осигуреници зголемен за 83%

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) го зголеми за 83 отсто бројот на претставки решени во корист на незадоволни осигуреници за првите девет месеци годинава во споредба со истиот период лани. До крајот на септември позитивно се решени 22 претставки на осигуреници кои се пожалиле од осигурителните друштва, а во истиот период лани во корист на осигуреници биле решени 12 претставки. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав осигурување Живот и КБ Публикум со заеднички Унит линк производ

Објавено

на

Новите животни текови носат нови предизвици и потреба од развој на нови производи. Триглав осигурување Живот, по внимателно истражување, а следејќи ги потребите на клиентите, во своето портфолио на продукти понуди нов Унит линк производ со балансирана распределба на инвестираните средства, во осигурување на живот и инвестициски фонд. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Групацијата Триглав со раст на премијата и добивката и подобрена проценка на овогодинешниот профит

Објавено

на

Групацијата Триглав во првите девет месеци од годинава оствари раст на консолидираните бруто премии од осигурување од 10% (1,06 милијарди евра) во однос на истиот период минатата година, додека во управувањето со средствата на клиентите во инвестициски фондови и преку индивидуално управување, го зголеми обемот на средства со коишто управува за 21% (на 1,4 милијарди евра). Деветмесечната добивка на Групацијата пред оданочување изнесува 92,1 милиони евра, што е за 48 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање



Популарно