Connect with us

Осигурување

Светски ден на осигурувањето: Историјата на животното осигурување

Објавено

на

Иако можеби изгледа како модерен производ основните принципи на на животното осигурување се формирани пред повеќе од 2000 години. Примарната човечка грижа отсекогаш била заштитата од ризик, а прифаќањето на смртноста еден од најтешките, но и најважните чекори кои човештвото некогаш ги има преземено во процесот на создавање на современа цивилизација. На кратко, ние ќе ви го претставиме потеклото и ќе ви ги објасниме корените на животното осигурување пред тоа да го добие својот модерен облик.

Првиот историски запис за она кое се знае како осигурување на живот доаѓа од античките Римјани. Каиус Мариус, римски воен лидер создал т.н ,,погребен клуб’’ помеѓу неговите војници. Овие групи првично биле составени од војници, но на крајот удел имале и сите нивоа на римското општество. Сето ова започнало од верувањето на Римјаните дека доколку некое лице не е соодветно закопани, со сите церемонии за оддавање почит,  нивниот дух ќе се вознемири и нема да може да помине во следниот свет. Овие суеверни ставови станале темелите на римската традиција поврзана со финансирање на погребите. Луѓето месечно донирале во погребните клубови и кога еден член ќе починел клубот во целост го финансирал погребот, а понекогаш и на семејството на починатиот му давале и дел од парите.

Најстарата полиса за осигурување на живот стапила на сила на 15 јуни 1583 година во Англија. Полисата била на име на Вилијам Гибонс, човек кој работел  во производството на сол и подготвување на месо и риба во истото. Полисата била издадена од Ричард Мартин. Во тој период полиси за осигурување биле издавани од страна на поединци и можеле да бидат издадени и од тотални странци, а не од осигурителни компании.

Првата официјална компанија специјализирана за осигурување на живот била Annuity Association основана од Др. Ашетон на 4ти октомври 1699 година. Оваа компанија била принудена да ги затвори своите врати 46 години подоцна, во 1745 година, поради банкрот.

На кратко, ова се далечните почетоци на животното осигурување кои колку и да личат поразлично од денешните и колку и да е нивната форма изменета сепак нивната длабока суштина е иста. Без разлика во кој облик се сретнуваат истите низ годините, нивната цел е успешно да управуваат со ризикот кој ги демне сите луѓе и да обезбедат финансиска закрила во моментите кога е тоа потребно.

Осигурување

Бројот на претставки решени во корист на осигуреници зголемен за 83%

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) го зголеми за 83 отсто бројот на претставки решени во корист на незадоволни осигуреници за првите девет месеци годинава во споредба со истиот период лани. До крајот на септември позитивно се решени 22 претставки на осигуреници кои се пожалиле од осигурителните друштва, а во истиот период лани во корист на осигуреници биле решени 12 претставки. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Триглав осигурување Живот и КБ Публикум со заеднички Унит линк производ

Објавено

на

Новите животни текови носат нови предизвици и потреба од развој на нови производи. Триглав осигурување Живот, по внимателно истражување, а следејќи ги потребите на клиентите, во своето портфолио на продукти понуди нов Унит линк производ со балансирана распределба на инвестираните средства, во осигурување на живот и инвестициски фонд. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Групацијата Триглав со раст на премијата и добивката и подобрена проценка на овогодинешниот профит

Објавено

на

Групацијата Триглав во првите девет месеци од годинава оствари раст на консолидираните бруто премии од осигурување од 10% (1,06 милијарди евра) во однос на истиот период минатата година, додека во управувањето со средствата на клиентите во инвестициски фондови и преку индивидуално управување, го зголеми обемот на средства со коишто управува за 21% (на 1,4 милијарди евра). Деветмесечната добивка на Групацијата пред оданочување изнесува 92,1 милиони евра, што е за 48 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година. (more…)

Продолжи со читање



Популарно