Connect with us

Домашни банки

„Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“ – настан на Комерцијална банка

Објавено

на

Во рамки на определбата на Комерцијална банка АД Скопје за постојана грижа за своите клиенти, на 5.12.2018 година се одржа настан „Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“, наменет за корпоративните клиенти на Банката.

Тргнувајќи од влијанието на технологиите во современиот живот, како и забрзаната динамика во извршување на секојдневните деловни, но и приватни обврски, Банката работеше на тоа да понуди нови дигитални решенија кои ќе им овозможат на клиентите да управуваат со средствата на компанијата на едноставен, сигурен и брз начин. Во таа насока е и воведувањето на новата мобилна апликација на Комерцијана банка, мБанкаКо, која ексклузивно беше промовирана на настанот „Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“.

Мобилната апликација мБанкаКо користи најсовремени решенија кои истовремено нудат и најудобно и наједноставно користење на банкарските услуги преку user-friendly кориснички интерфејс и највисоко ниво на сигурност за клиентите.  мБанкаКо има вградени контроли кои овозможуваат проверка на внесените податоци, а за поголема сигурност на корисниците, апликацијата има вградени максимални лимити за дневен и за месечен промет, дефинирани од Банката.

Во мобилната апликација мБанкаКо во целост се пренесени авторизациите од постојната Интернет банка за правни лица (прегледувач, внесувач, потписник, испраќач) и е овозможена комбинација на улогите. мБанкаКо овозможува увид во состојбата, промените и во изводот на сметките (денарска и девизна трансакциска сметка), пренос на средства од денарската трансакциска сметка кон други сметки во платниот промет во земјата со ПП30, ПП50 и ПП53 (внесување, потпишување и испраќање на реализација на електронски налог за плаќање), продажба на девизи од девизна трансакциска сметка, пристап до информации за деловните картички и можност за администрирање на дневни и на периодични лимити на деловните картички и прием на нотификации за прилив/одлив од денарската трансакциска сметка, деловните картички и од девизните сметки, со можност за поставување минимални износи за добивање нотификации. Повеќе за апликацијата може да прочитате на следниот линк .

На настанот „Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“ беа претставени и новите можности кои ги нуди услугата Интернет банка за правни лица, пред сè можноста за потпишување налог за исплата на готовина ПП40 и определување лице кое ќе ја подигне готовината на шалтер.

Вработени во Банката на присутните на настанот им ја презентираа и KomPay, бесплатната мобилна апликација на Комерцијална банка која овозможува бесконтактно плаќање на продажни места. KomPay апликацијата овозможува со помош на дигитализирани платежни картички да се вршат плаќања на ПОС терминали кои ја поседуваат технологијата за бесконтактни плаќања, без употреба на физичката банкарска картичка.

Грижата за клиентите продолжува и во иднина и Банката ќе продолжи да работи и понатаму за надградување на понудените услуги и за нивно прилагодување на потребите на своите клиенти.

Банката изразува голема благодaрност до присутните клиенти и се надева дека понудените новитети ќе им бидат од голема корист во секојдневното работење.

Домашни банки

Дали сте размислувале колку пари и време ви заштедуваат дигиталните финансиски услуги?

Објавено

на

Сите сме сведоци на ултра брза дигитална трансформација. Замислете си само колку пати дневно извршувате дигитални трансакции? Сигурно никогаш не сте размислувале колку пари и време ви заштедува плаќањето преку интернет или мобилен телефон. Во маркети плаќате со картичка за неколку секунди и не чекате кусур. Не губите време ниту кога ви треба готовина, затоа што имате банкомат на секој чекор. Не трошите еден вработен за уплата на дневен промет секој ден затоа што и за тоа имате банкомат… (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка со 18.10.2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со фантастична вест за акционерите – ќе ја подели и заостанатата дивиденда!?

Објавено

на

Изминатата пандемиска 2020 година, НЛБ Банка ги следеше инструкциите на Народната банка којашто советуваше банките да не исплаќаат дивиденда, па така Банката се воздржа и на своите акционери не им ја исплати заслужената награда. (more…)

Продолжи со читање



Популарно