Connect with us

НБРМ

Денес е последен ден за пријавување за Деновите на финансиска писменост

Објавено

на

Денес е последен ден за пријавување за едукативните видео презентации на тема Монетарна политика, Финансиска стабилност и Платен систем и платежни услуги, што ќе ги организира Народната банка во рамки на 4-тото издание на Денови на финансиска писменост.

Сите заинтересирани граѓани ќе треба да го најават своето приство преку порака на емаил адресата: edukacija@nbrm.mk или на официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“. Притоа, секој граѓанин треба да наведе за која презентација/тема го најавува своето присуство.

Овие денови на финансиска писменост ќе се оддржат од 24-ти до 26-ти ноевмри, а целта е да се зајакне финансиската едукација, да се зголеми свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги, како и да се поттикне финансиската инклузија.

Како што соопштија од Народната банка, презентациите ќе бидат наменети за граѓаните со основно и понапредно ниво на знаења, односно ќе ги опфатат како основните, така и подеталните аспекти од наведените области. По секоја презентација е предвидена можност за прашања и дискусија со стручните лица од Народната банка.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска ‒ Агелер: Расте поддршката на банкарскиот сектор за инвестиции во обновливи извори на енергија

Објавено

на

Најновите податоци за кредитната активност на банкарскиот систем укажуваат на солидна кредитна поддршка на корпоративниот сектор (11,5% во декември), при солиден раст на кредитите за инвестиции во обновливи извори на енергија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Поголема транспарентност и поширок опфат на податоци од банките, како поддршка на финансиската стабилност

Објавено

на

Советот на Народната банка, на својата редовна седница, ја донесе Одлуката за објавување извештаи и податоци од страна на банките, со која се вршат позначителни промени за зголемување на опфатот на податоците коишто ги објавуваат банките и на фреквенцијата на објавите. Промените се однесуваат на зголемување на транспарентноста на банките, како кон супервизорските органи, така и кон јавноста. Со ова се врши натамошно усогласување со европските регулативи, но и со подзаконската банкарска регулатива донесена од страна на Народната банка во изминатиот период за зголемување на претпазливоста. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Ги преземаме сите мерки за осигурување на среднорочната ценовна стабилност

Објавено

на

„Како централна банка постојано работиме на обезбедување среднорочна ценовна стабилност. Тековното затегнување на монетарната политика има за цел да придонесе за намалување на инфлациските очекувања и стабилизирање на инфлацијата. Како резултат на постепеното намалување на цените на примарните производи, но и на мерките преземени досега, од ноември се забележува постепено забавување на инфлацијата, во услови на задржана стабилност на девизниот курс и на финансискиот сектор”, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, говорејќи на панел-дискусијата под наслов „Фискални, монетарни и даночни политики во време на криза“, во рамките на годишната владина конференција, насловена „Година на нови можности“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно