Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Денеска отворање на саемска триологија Технома, градежништво и RealExpo

Објавено

на

Саемската трилогија продолжува со двата најголеми бизнис саеми: 44. издание на Технома – меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита; 15. издание на Меѓународниот саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација заедно со единствениот осми по ред Меѓународен саем на недвижности – RealExpo.

Свеченото отворање на овој саем беше денеска во 11 часот во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Притоа на јавноста ќе се обрати Зоран Шапуриќ, министер без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима на домашните претпријатија, а ќе се обратат и претставници од саемот.

Веднаш по свеченото отворање, ќе се одржи прошетка на штандовите со фокус на штандот на МАКИНОВА, заедно со Заменик на претседателот на Влада на Република Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, г.дин Кочо Анѓушев.

Останато

ССК: Прв центар за медијација по европски модел

Објавено

на

Во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) отворен е првиот Центар за медијација, по примерот на европските и земјите во светот, каде во рамки на коморите, функционираат Центри за медијација, со цел промовирање на принципот за пристап до правда за сите,  како и исполнувањето на меѓународните стандарди, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојузот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Граѓаните досега скенирале скоро 3 милиони фискални сметки во вредност од 1,5 милијарди денари

Објавено

на

Од почетокот на месецов, граѓаните имаат можност да побараат поврат на 15% од платениот Данок на додадена вредност (ДДВ) преку примената на владиниот проект „Мој ДДВ“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Услугите на Тиго Фајнaнс отсега уште подостапни за жителите на Гевгелија

Објавено

на

Со цел да биде уште поблиску до своите клиенти и да обезбеди врвно корисничко искуство во секој контакт со клиентите, Тиго Фајнанс ја проширува својата продажна мрежа, отворајќи ја денес новата, 18-та по ред филијала, во Гевгелија. Филијалата е лоцирана на ул. Слободан Митров-Данко бр.87. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange