Connect with us

Останато

Денеска е последен ден да се поднесуваат барања за државна помош за исплата на плати за октомври, ноември и декември

Објавено

на

Денеска е последен ден во кој работодавачите може да поднесуваат барања за државна помош за исплата на плати за октомври, ноември и декември, со цел зачувување на работните места.

Претходно, директорката на УЈП, Сања Лукаревска посочи дека рокот е пролонгиран за дополнителни два дена. Пролонгирањето е поради доцната објава во Службен весник на сите правилници за обрасците за пресметка на платата и субвенцијата, како и поради прекинот во аплицирањето заради преопторавеност на системот.

„Поради подоцнежна објава во Службен весник на Правилникот за формата и содржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на плати на работниците и Правилникот за формата и содржината на барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност, кои се основ за достапност и поставување на обрасците БФП-ИП/2 и БФС-СВД/2 на веб платформата на УЈП, како и поради масовно поднесување на истите веднаш по поставувањето што придонесе до преоптоварување на системот, рокот за нивното поднесување се продолжува до 12 ноември 2020 година“, стои во известувањето на Управата.

„Имавме прекин во системот за пријавување поради преоптовареност, но затоа го продлживме рокот за да им излеземе во пресрет на сите компании кои сакаат да ја искористат оваа државна мерка. Ние секогаш сме на страната на граѓаните и на страната на компаниите и затоа ќе им овозможиме на сите они кои ги исполнуваат условите да можат да земат средства за покривање на платите”, изјави Лукаревска во гостување на ТВ Телма.

Државната помош за исплата на плати е мерка од четвртиот пакет кој го донесе Владата, а барањата се поднесуваат електронски преку системот Е-ПДД, за секој месец посебно. Условот е приходите за секој месец да се намалени за најмалку 30 проценти во однос на месечниот просек на вкупните приходи остварени во периодот од месец април 2019 година заклучно со месец септември 2019 година, октомври 2019 година или ноември 2019 година. Исто така, и бројот на вработени во месецот за кој се бара финансиска поддршка од овој закон да е ист или поголем со бројот на вработени заклучно со месец август 2020 година, со исклучок на одјавените работници со оправдан основ на престанок на работен однос, како  и работодавачот-барател на финансиска поддршка да не исплатува дивиденда на сопствениците, како и да нема извршено исплата по основ на награда за деловна успешност.

Оваа мерка е скалеста и се движи од 14.500 до 21.776 денари по вработен, во зависност од степенот на намалениот приход на работодавачот.

Целта на мерката, за која се предвидени 70 милиони евра е зачувување на работните места и задржуавање на платите на исто ниво, а се однесува за месеците октомври, ноември и декември.

Криптовалути

ММФ бара укинување на биткоинот како законско средство за плаќање во Ел Салвадор

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го повика ЕЛ Салвадор да ја поништи одлуката биткоинот да стане легално сретство за плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во среда (26 јануари) започнува исплатата на јануарските пензии

Објавено

на

Владата на четвртата седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 јануари 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно