Connect with us

Компании

ДЕМО ДЕНОТ е шанса да го запознаете вашиот инвеститор

Објавено

на

Во средата во Битола, се одржа ДЕМО ДЕН на кој 10 старт-ап комапнии на прагот на нивното започнување со работа ги претставуваа своите идеи пред критична публика од инвеститори и извршни директори кои беа присутни во просториите на Битола старт-ап центарот лично, но и преку лајфстрим на социјалните медиуми на ПРЕДА плус фондацијата која ја води четвртата генерација на стартапџии под мотото “И од Битола се може(и)”.

Најдобрите 4 старт-ап идеи добија по 185.000 денари грант, а евалуацијата ја правеше тим од судии во состав:

Никола Јошевски – генерален директор на ФД “СН финансии”

Димче Поповски – сопственик на ДАКА Холдинг

Катерина Трајковска – финансиски менаџер на ПРЕДА Плус Фондација

„Младите генерации имаат идеи кои се идеи на новото време. Наше е да помогнеме, полесно да го изодат патот кој за нас бил повеќе од комплициран. Но, исто така мора да им кажеме дека нема лесен пат и дека само оние кои се откажуваат, не можат да успеат. Сум чекал и години за реализиација на некои идеи. Но, исто така сум знаел дека идејата вреди да го чека вистинскиот миг”, истакна Никола Јошевски од ФД “СН финансии”.

ДЕМО ДЕН е официјален завршен настан и круна на двомесечната интензивна работа.

Во серија од 5 минутни презентации, 10 селектирани апликанти од вкупно 20 кои ја поминаа програмата, го дадоа својот максимум, кој е резултат на неколку недели интензива работа со бројни ментори и тренери во кој се подготвуваа и за овој важен настан, но и за ласнирање на нивните комапнии.

„Кога се стартува еден старт-ап, важно е основачите, покрај тоа што вложуваат во своите знаења и напорно работат на развојот на производот, услугата или иновацијата, мора да бидат добри и во управувањето со финансиите и да работат во согласност со важечките прописи. Она што како совет им го давам на сите оние кои се на старт на свој бизнис е уште во почетната фаза да научат како да ги следат и контролираат своите финансии, без оглед на тоа што ќе ангажираат книговодствена фирма или лице да го прави тоа нив.  Нив ги води идејата, а ентузијазмот може да ги засени ризиците и проблемите кои можат да се случат, оттука е суштинско знаењето од областа на билансното работење, како еден од столбовите на успешното менаџирање на една старт-ап компанија.” – додаде Јошевски.

Еве ги наградените старт-ап проекти:

БАК пивара – прва крафт пиварница во Битола на апликантот Марјан Бакревски

NOMAD creative studio – проект позади кој стои Ана Секуловска

CONSULATE home philosophy – на Маја Настеска и Зорица Каранфиловска

АПЕТИТКО свет на вкусовите – бизнис идеја на Зоран Видановиќ

Старт-ап се комапнии кои главно се темелат на нови технологии или се концентрирани околу мала група на луѓе кои се убедени дека ќе решат некој проблем или празнина на пазарот на неконвенционален начин.  И со таков пристап ќе го покорат светот. Фантастични примери за таков успех глобално се Instagram и WhatsApp.

Добро е да размислуваме дека, ако некои идеи најдат вистински инвеститори можат и кај нас да се реализираат и да добијат глобален успех.

“Мене лично ме заинтересира проект кој не е во наградените, но во кој гледам голем потенцијал и понудив веднаш по завршувањето на настанот, да преговараме за можност да влеземе како инвеститор во развивањето на идејата. Оттука, ги мотивирам компаниите кои имаат желба за ширење, да следат вакви настани кои се фантастично поле за вмрежување и можност да се јавиме и како бизнис ангели за млади талентирани луѓе со идеи на кои им е потребна поддршка.”, истакна Јошевски.

Кои се најголемите инвеститори?

Македонија заостанува зад европските трендови. Според тие анализи, повеќе од 1.000 старт-ап компании веќе се влезени во фаза на експанзија и имаат две рунди на инвестирање, а ниту една не е македонска. Најголемите инвеститори во Европа се француската финансиска институција Bpifrance која одработила 26 старт-ап инвестиции со главен фокус во медицински идеи за бизнис.

Во врвот на инвеститори се наоѓа и швајцарскиот фонд Index Venture, значајани средства инвестираат финансиски институции од Израел и Германија.  Колкави цифри се собираат зад иновативни идеи, покажува бројката од 909 милиони евра колку што на старт привлече дигиталниот сервис за стримување на музика Spotify.

По она што  го видовме на ДЕМО ДЕНОТ на ПРЕДА плус фондацијата, допрва доаѓа времето на македонските старт-ап компании и финансиски институции кои ќе бидат загреани да ги поддржат.

Компании

Оглас за вработување во ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје

Објавено

на

Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, дел од групацијата за финансиско советување WVP Group од Грац, Австрија, е лидер на пазарот во Македонија по средства под управување (90+ милиони евра) и повеќе од 6.700 инвеститори во инвестициските фондови и услугата управување со средства на индивидуални клиенти (Wealth Management). ВФП Фонд Менаџмент е прво друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови кое од оваа година влегува и во бизнисот со управување со доброволни пензиски фондови преку регистрирање на четвртиот доброволен пензиски фонд на пазарот, ВФП отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.

(more…)

Продолжи со читање

Компании

Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Објавено

на

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Шпаркасе Лизинг Доо Скопје со силни перформанси во првата половина на 2022 година

Објавено

на

Врз основа на неревидираните финансиски извештаи за првите шест месеци од 2022 година Шпаркасе Лизинг Доо Скопје оствари силни перформанси во сите сегменти на работењето, што придонесе и за раст на вкупното портфолио од 16,8% споредено со почетокот на годината, како и:* (more…)

Продолжи со читање


Популарно