Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Дел од вработените во Комерцијална банка со успешен настап на Виз Ер Скопскиот маратон

Објавено

на

Екипа од 17 вработени трчаше во името на Комерцијална банка АД Скопје на 15-от Виз Ер Скопски маратон. Петмина од нив успешно истрчаа полумаратон-21 км, а останатите 12 учесници беа поделени во три екипи на штафетен маратон.

Најмладиот од тимот на Комерцијална банка, Маријан Шамоски, на полумаратонската трка од 21 км го освои 35-то место во конкуренција на 2.000 учесници со одлично време од 1 час, 27 мин и 30 секунди. Во штафетните маратони, најдобра беше екипата КБ1, која го освои 37-то место со време од 4 часа и 11 минути.

Вработените на Комерцијална банка годинава, трчајќи повеќе од четири часа низ скопските улици, повторно демонстрираа здрави животни навики. На Виз Ер Скопски маратон учествуваа рекордни 12.500 учесници од 58 земји.

Домашни банки

ОФИЦИЈАЛНО: Sparkasse од Грац доби дозвола за преземање на Охридска банка АД Скопје

Објавено

на

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на ден 20 септември 2019 година ја одржа својата 40-та седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје ја регистрираше првата емисија на корпоративна обврзница во Централниот депозитар за хартии од вредност

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје на ден 18.09.2019 година, ја регистрираше во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје првата емисија на долгорочни должнички хартии од вредност –  корпоративна обврзница – 1.500 корпоративни обврзници по номинална вредност од 1.000 ЕУР и вкупна номинална вредност од 1.500.000 ЕУР, односно 92.236.500,00 денари. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка по деветти пат спонзор на Пензионерските спортски натпревари

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје како општествено одговорна компанија и оваа година придонесе за поквалитетен живот на пензионерите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange