НБРМ
Девизните резерви се намалиле во април


Вкупните девизни резерви на крајот на април 2017 година изнесуваа 2,495.960.000 евра, што е за 38.450.000 евра помалку во однос на март, покажуваат податоците на НБРМ.
Минатата година во истиот период, вкупните девизни резерви достигнаа вредност од 2.193.890 евра.
Најголем дел од вкупните државни девизни резерви се во хартии од вредност, на чие салдо заклучно со крајот на април имало 1.811.480.000 евра или за 4,6 милиони евра помалку во однос на претходниот месец. На крајот на април минатата година хартиите од вредност изнесувале 1,520.300.000 евра.
Валутите и депозитите на крајот на април изнесуваа 423.710.000 евра, еден месец претходно беа 457.820.000 евра. Во истиот период лани тие биле 282.990.000 евра.
Во април државното монетарно злато вредеше 256.130.000 евра, а само еден месец пред тоа 255.770.000 евра. Во април 2016 година монетарното злато изнесуваше 245.600.000 евра.
НБРМ
Народната банка ја зголеми основната каматна стапка на 1,75%


На 10 мај 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани најновите движења на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.
(more…)
НБРМ
Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем обезбедува солидна поддршка во целиот пандемичен период


Со помош на соодветно поставената банкарска регулатива и создадените заштитни механизми во изминатиот период, домашниот банкарски сектор остана во добра кондиција во текот на овие две години, кога домашната економија се соочува со неколку шокови со негативно влијание. Така, кредитниот раст воопшто не забави, како што се случувало во претходни кризни епизоди. Напротив, тој умерено забрза, со тоа што од втората половина од минатата година се забележува поголема поддршка на корпоративниот сектор, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за Марили. (more…)
НБРМ
Анкета на Народната банка: Банките и штедилниците најавуваат нови производи за „зелено кредитирање“


Речиси 90% од сите банки и штедилници кај нас сметаат дека климатските промени се важен извор на ризик за финансиската стабилност, покажува најновата Анкета за ризиците од климатските промени, којашто Народната банка ја спроведе на почетокот на 2022 година. Само 40% од банките и штедилниците имаат воведено нови производи и услуги како реакција на климатските промени. Сепак, 80% од испитаниците одговориле дека размислуваат да воведат вакви производи. Зелените кредити одобрени во приватниот сектор во 2021 година забележале раст за 2,7% во споредба со претходната година. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје