Connect with us

Странски банки

Девизните резерви на Русија достигнаа 557 милијарди долари

Објавено

на

Златните и девизните резерви на Русија достигнаа 557,5 милијарди американски долари во првите 10 дена од новата година, според најновите податоци на Централната банка на Русија.

Од крајот на 2019 година, Москва ги зголеми своите резерви за 7,7 милијарди долари, или 1,4 проценти. Заклучно со 27 декември, тие резерви беа 549,8 милијарди американски долари.

Нивното сегашно ниво е највисоко од октомври 2008 година, кога девизните резерви достигнаа скоро 547 милијарди американски долари.

Русија потроши значителен дел од своите девизни резерви за поддршка на сопствената валута – руљата, после финансиската криза и после воведените западни санкции кон Москва во врска со конфликтот во Украина во 2014 година. Оттогаш, земјата ги обнови девизните резерви, кои се издигнаа од минимумот од 350 милијарди американски долари на сегашно ниво од 557,5 милијарди.

Москва исто така, интензивно инвестира во злато и располага со златни резерви чија вредност од 1 јануари изнесува повеќе од 110 милијарди долари.

Странски банки

JP Morgan Chase е доминантна банка на пазарот на благородни метали

Објавено

на

Во текот на 2020 година, „JP Morgan Chase” имаше рекордни приходи од трговијата со скапоцени метали, околу една милијарда долари и далеку ги надмина своите ривали. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

#EdgarsChristmas (Божиќот на Едгар): Посебна божиќна реклама за оваа невообичаена година

Објавено

на

Веќе трета година по ред, Групацијата Ерсте подготви анимирана реклама посебно наменета за божиќните празници, што несомнено ќе Ви го привлече вниманието со својата креативност. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка обезбеди 12 милијарди долари за борба против Ковид-19

Објавено

на

Светската банка издвои 12 милијарди долари за набавка и дистрибуција на вакцина против коронавирусот, како и за тестови и лекови за борба против ковид-19, рече претседателот на Светска банка Дејвид Малпас на состанокот на министрите за финансии на Г20 и централните банки во петокот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно