Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Платежни картички

Двојно CASHBACK – изненадување од Стопанска банка а.д. Битола и Mastercard!

Објавено

на

Кредитните картички кои се веќе дел од речиси сечиј паричник се одличен начин да си дозволите уживање плус за себе и своите најблиски како и опуштено да трошите повеќе на подновување со нови парчиња гардероба или некое ново парче мебел во домот. Трошењето на средства и купувањето нови работи на сите ни претставува задоволство, но истото би било уште поголемо доколку дел од средствата кои ги потрошиме повторно се вратат на нашата сметка.

Замислете го тоа чувство кога неочекувано на вашата сметка забележите плус средства од она кое мислевте дека го имате? Одлично, нели?

Сега, ова пријатно изненадување е реално и достапно со Mastercard Standard кредитните картички на Стопанска банка а.д. Битола.

Со цел да ја награди лојалноста на своите веќепостоечки клиенти како и да им понуди дополнителна вредност на сите нови клиенти, Стопанска банка а.д Битола следејќи ги најновитe cashback трендови, во соработка со Mastercard воведе ДВОЕН CASHBACK на средствата потрошени со Mastercard Standard кредитните картички на СТББТ.

Покрај одличните услови кои ги нуди Mastercard Standard картичката на Стопанска банка а.д. Битола (https://www.stbbt.mk/master-card-credit.nspx) која што е кредитен производ со лимит до 500.000 денари и фиксна каматна стапка за првата година од 7,99%, корисниците на оваа картичка ќе имаат единствена можност да добијат двоен cashback на потрошените средства.

За направен годишен промет еднаков или поголем од 100.000,00 денари корисниците ќе добијат 1% поврат на средства, а доколку истовремено редовно ги сервисираат обврските ( до 10-от ден во месецот) во текот на календарската година за која се однесува прометот ќе добијат дополнителен cashback од уште 1% на прометот на годишно ниво.

Под годишен промет се подразбира користење на картичките во продажна мрежа (ПОС) или на банкомати (АТМ) во земјата и странство.

На овој начин, додека уживате во трошењето дел од вашите средства ќе се акумулираат и средствата од двојниот cashback ќе бидaт префрлени на вашата трансакциска сметка на првиот работен ден во новата календарска година.

Неодолив двоен cashback за двојно повеќе задоволства и двојно повеќе уживањe!

Платежни картички

[Венко Глигоров]: Кои се следните чекори за Пејпал?

Објавено

на

Венко Глигоров од Логин Системс во својата нова објава вели дека со одлуката на Народната банка се надмина главната регулаторна пречка и со тоа првиот чекор е направен, но сеуште е рано да се зборува за (одржливи) резултати. Со други зборови, “За да носи мед, саќето треба да е подготвено”.

(more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Хакери клонирале платежни картички и украле повеќе од 1,5 милиони евра од германска банка

Објавено

на

Бразилски хакери украле повеќе од 1,5 милиони евра (1,65 милиони американски долари) од германската банка Олденбургс Ландесбанк (ОЛБ) преку клонирање на дебитните картички на клиентите и покрај тоа што оригиналните картички биле заштитени со ЕМВ (Чип-и-ПИН) технологија. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

МКЦ во соработка со Шпаркасе Банка воведе специјализирана припејд картичка

Објавено

на

За прв пат на домашните фестивали и културни настани, а по примерот на меѓународните фестивали, Младински Културен Центар (МКЦ) – воведе безготовински припејд систем на продажба, што ја прави и прва културна институција во земјава што воведува припејд картичка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange